Морача — река во Црна Гора. Извира под планината ’Рзача во северниот дел од земајта. Тече на југ во должина од 113 км, па се влева во Скадарското Езеро.
Во горното течение, Морача е брза планинска река и тече низ тесна клисура северно од Подгорица, каде ѝ се приклучува најголемата притока — Зета, па навлегува во Зетската Рамница. Тече низ рамничарските предели, па на крај завршува во Скадарското Езеро. Реката е скромна во ширина и длабочина, па затоа не е пловна.
Морача важи за еден од симболите на Подгорица и најголема река што тече низ градот.
Во северниот дел на речната клисура е сместен Манстирот Морача, основан во 1252 г. од Стефан, син на големиот жупан на Зета, Вукан Немањиќ.
Поврзано Милениумски мост (Подгорица) Список на реки во Црна Гора Скадарско Езеро
Наводи
Категорија:Реки во Црна Гора Категорија:Подгорица