Алборз или „Елбурс“Не треба да се помеша со планината Елбрус на Кавказ. () — планински венец во северен Иран што се протега од границите со Азербејџан и Ерменија на северозапад до јужниот крај на Каспиското Езеро, па завршува на запад кај границата со Туркменистан и Авганистан.Mughal, Muhammad Aurang Zeb. 2013. Caspian Sea. Robert Warren Howarth (ed.), Biomes & Ecosystems. Ipswich, MA: Salem Press, стр. 37-39. Највисока планина во венецот е Демавенд (5.610 м), сместена во округот Амол во покраината Мазендеран.
Венецот претставува препрека помеѓу Јужнокасписката и Казвинско-техеранската Висорамнина. Широк е само 60–130 км и се состои од седиментна низа со потекло од горен девон до олигоцен. Составен е претежно од јурски варовници врз гранитна основа. Повисоките краишта во екорегионот Елбруска лесостепа, се суви и без многу дрва. Северните падини припаѓаат на каспискиот херцински мешан шумски екорегион и се мошне богати со шуми и вегетација.
Според зороастриските преданија, на овие планини живее вечниот мудрец Пашутан, додека пак зороастриската секта Илмехашнум смета дека венецот е дом на т.н. „Господари на срцето“ (Сехеб е Дилан). Во минатото, ова име го давал на разни подалечни планини: така, имаме Елбрус на Кавказ и Елбариз (Џебал Барез) во подрачјето Керман над Ормускиот Проток.
По планината е наречена и покраината Алборз, сместена веднаш јужно од венецот.
Поради погодните услови, на Алборз има неколку скијачки центри што се вбројуваат меѓу најдобрите на светот.Скијање во Иран — The Guardian Поважни се Дизин, Шемшак, Точал и Дарбанд.
Поврзано Демавенд Аламут Иранска Висорамнина Алборз (покраина) Алборз (округ) Список на планини во Иран
Наводи
North, S.J.R., Guide to Biblical Iran, Rome 1956, стр. 50
Надворешни врски
Алборз: слики од Иран — Livius Карти, слики и список на врвови
Категорија:Планински венци во Иран