Кизил или Кизилирмак ( = „Црвена Река“), во антиката наречена Халис () — најдолга река во Турција што извира и завршува во земјата. Искористена е за хидроенергетски потреби и наводнување на оризови полиња, но не е пловна.

Географија Реката е долга вкупно 1.355 км. Извира во Источна Анадолија и тече на запад, свртува на југозапад, па образува широк лак. Продолжува на запад, па на северозапад, минувајќи североисточно од езерото Туз, а потоа на север и североисток, каде ѝ се придружува големата притока Делиџе. Тече цик-цак до утоката на реката Деврез, а потоа назад кон североисток, се соединува со реката Ѓок и завршува во Црното Море (). На Кизил се изградени браните „Бојабат“, „Алтанкаја“ и „Дербент“.

Историја Хетитите реката ја нарекувале Мараш-шантија, и ја исцртувала западната граница на нивната татковина. Во класичната антика, Кизил претставувал граница помеѓу Мала Азија и остатокот од Азија, како и меѓу Понт и Пафлагонија. Крај реката се одиграла Битката кај Халис (28 мај 585  г. п.н.е.)Наречена и Битка на затемнувањето. Ова е најраната битка чиј ден на случување може да се утврди со точност поради затемнувањето на сонцето, кое нагло ставило крај на борбата. како погранично подрачје помеѓу Лидија на запад и Медија на исток. Ова важело сè додоека лидискиот цар Крез не ја преминал реката во походот против Кир Велики во 547 г. п.н.е. Крез ја изгубил војната, и Персија се проширила сè до Егејското Море.

Наводи

Надворешни врски

Халис — Livius

Категорија:Реки во Турција Категорија:Рамсарски места во Турција Категорија:Црноморски слив