Св. Арангел — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Жван. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 1,5 км северно од патот Битола-Кичево и на 1 км североисточно од наоѓалиштето Градиште, каде се наоѓаат темели вметнати во новиот манастир. Низ манастирскиот двор се расфрлени гробни плочи, а според кажувањето на мештните, биле откопани повеќе гробови.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Мајданиште — населба и топилница од доцноантичко време; Селиште — населба од доцноантичко време; Латинска Црква — црква и некропола од средниот век; Св. Илија — црква од средниот век; Градиште — населба од доцноантичко време; Жван; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Жван