Перси Биш Шели (; - ) — еден од главните англиски романтичарски поети и нашироко сметан за еден од најдобрите лирски поети кои твореле на англиски јазик. Перси Шели е познат по соработката со Џон Китс и Џорџ Гордон Бајрон, како и по бракот со неговата втора жена романопистката Мери Шели.
Тој е можеби најпознат по антологиските дела како Озимандија, Ода за западниот ветер, За чучулигата и Маска на анархијата. Како и да е, неговите главни дела биле долги визионерски поеми, вклучувајќи ги Аластор, Адонис, Ослободениот Прометеј и недовршената Триумф на животот. Неконвенционалниот живот на Шели и некомпромитирачкиот идеализам, комбинирани со неговиот силен скептичен глас, го направиле позната и многу почесна фигура во неговиот сопствен живот. Тој станал идол на следните две или три генерации на поети (вклучувајќи ги и главните викторијански поети Роберт Браунинг, Алфред Тенисон, Данте Габриел Росети, Алгернон Чарлс Свинберн, Вилијам Батлер Јејтс и Субрамања Бхарати).
Живот
Детство и образование
Како син на Сер Тимоти Шели (член на Парламентот), подоцна втор барон на Замокот Горинг, и неговата жена Елизабет Пилфолд (земјопоседничка од Сасекс), Шели е роден во Филд Плејс, Варнам, Западен Сасекс, Англија. Тој бил најстарото од седум деца; имал 5 сестри и еден брат. Тој израснува во Сасекс и го добива првобитното образование дома. На шестгодишна возраст, бил испратен во дневно училиште кое го раководел викарот на црквата Варнам, пречесниот Еван Едвардс.Holmes, Richard (1974), p. 2. Неговиот братучед и животен пријател Томас Медвин, кој живеел во негова близина го споменува неговото рано дество во „Животот на Перси Бис Шели“. Тоа било среќно и исполнето детство, поминато највеќе низ селски активности како лов и риболов.Holmes, Richard (1974), pp. 1–17.
Во 1802 година се запишал на Сајон Хаус Академијата во Брентфорд. Во 1804., Шели се запишал на Колеџот Итон, период на кој подоцна неволно се сеќавал, пред сè заради постојаното задевање од страна на неговите соученици кое тие го нарекле „Шели-мамки“. Опколен, на младиот Шели често му биле одземани книгите од неговите раце како и неговата облека која била тегната и раскинувана сè додека тој не извикал со својот висок, „разбиен сопрано“ глас.
Во последната година на Итон, ја објавил неговата прва публикација, готската новела Застрози (1810),Holmes, Richard (1974), pp. 25–30. во која тој го изразил својот естетски поглед кон светот, преку негативецот Застрози. Истата година, Шели ја завршил стихозбирката Оригинална поезија од Виктор и Сезари (напишана заедно со неговата сестра Елизабет), мелодрамата во стихови „Заскитаниот Евреин“ и готскиот роман Св. Ирвин (објавен 1811).Holmes, Richard (1974), p. 31.
На 10 април 1810 г., се запишал на Оксфордскиот универзитет. Во Оксфорд, Шели присуствувал на неколку предавања, no поминувал многу часови читајќи и спроведувајќи научни експерименти во лабораторијата која ја поставил во неговата соба.Holmes, Richard (1974), pp. 38–39. Таму се запознал со колегата, Томас Џеферсон Хог, кој станал негов најблизок пријател. Под влијание на Хог, Шели развивал силни радикални и антихристијански ставови. Ваквите ставови биле опасни во политичката клима која преовладувала за време на британската војна со Наполеонова Франција, а таткото на Шели го предупредил за влијанието на Хог.Holmes, Richard (1974), pp. 43–47.
Зимата 1810–1811 година, Шели објавил низа анонимни политички песни и трактати: Постхумни фрагменти од Маргарет Николсон, Неопходноста на атеизмот (напишан во соработка со Хог) и Поетски есеј за постоечката состојба на нештата. Шели им ја испратил Неопходноста на атеизмот по пошта на сите бискупи и раководители на колеџи во Оксфорд. Подоцна бил повикан да одговара пред колегите на колеџот, вклучувајќи го и деканот, Џорџ Роули. Откако одбил да одговори на прашањата поставени од раководителите на колеџот за авторството на пафлетот, на 25 мај 1811 г., заедно со Хог бил протеран од Оксфорд. Откако слушнал за протерувањето, татко му му се заканил дека нема веќе да контактира со него ако не се согласи да се врати дома и да учи под тутори назначени од него. Шели го одбил ова и тоа довело до разидување со неговиот татко.Holmes, Richard (1974), pp. 58–60.
Брак со Хариет Вестбрук Кон крајот на декември 1810 година, Шели се запознал со Хариет Вестбрук. Таа учела во ист интернат како и неговите сестри. Зимата често се допишувале, а продолжиле и откако Шели бил протеран од Оксфорд. Шели на Хариет ѝ ги изложил радикалните идеи за политиката, религијата и бракот. Шели се заљубил во Хариет откако бил протеран, во моментите на тежок емоционален товар поради несогласувањето со семејството, неговата огорченост поради прекинувањето на романсата со неговата братучетка Хариет Гроув и неговото неосновано верување дека боледува од смртоносна болест.Bieri, James (2008), pp. 156, 173. Истовремено, постарата сестра на Хариет Вестбрук, Елиза, со која Хариет била многу блиска, ја разгорела љубовта на младата девојка кон Шели.Bieri, James (2008), pp. 139, 148–9. Преписките меѓу Шели со Хариет се интензивирале во јули, додека тој бил на одмор во Велс. Таа го замолила да ја заштити, а на почетокот на август тој се вратил во Лондон. Занемарувајќи ги своите филозофски ставови за бракот, на 25 август 1811 година, тој со шеснаесетгодишната Хариет заминал за Единбург каде се венчале на 28-ми август.Holmes, Richard (1974), pp. 77–9.
Втор брак
Одкога Шелиеви се вратиле во Англија, Фани Имлеи, полусестрата на Мери и полусестрата на Клер, патувала од куќата на Гудвин во Лондон за да се убие во Велс во почетокот на октомври. До декември 1816 г., закрвената Шелиева жена Хериет се удавила во Серпентин во Хајд Парк, Лондон. На 30 декември 1816 г., неколку недели по наоѓањето на телото на Хериет, Шели и Мери Гудвин се венчале. Бракот бил наменет, во дел да го осигура старателството на Шели врз неговите деца со Хериет, но тој план пропаднал: судот им доделил старателство врз децата на згрижувачки родители поради фактот што Шели бил атеист.
Шелиеви се сместиле во селото Марлоу, Бакингемшаер, место каде што живеел пријателот на Перси, Томас Лав Пикок. Шели учествувал во литературниот круг околу Леи Хант, и за време на овој период тој се сретнал со Џон Китс. Шелиевата голема продукција од тоа време била Лан и Ситна: или, Револуцијата од Златниот Град - долга, наративна поема во која тој ја напаѓа религијата и во која се претставени пар на инцесни љубовници. Истата била брзо повлечена после само неколку издадени копии. Подоцна била преуредена и реиздадена како Револтот на Ислам во 1818 г. Шели напишал две револуционерни политички трактати под двојната литература, наречени „Скитникот од Марлов“.
Италија
Во почетокот на 1818 г., Шелиеви и Клер заминале од Англија со цел да ја однесат Клерината ќерка, Алегра, кај нејзиниот татко Бајрон, кој се населил во Венеција. Контактот со постариот и попризнаениот поет, го окуражило Шели да се наврати на пишувањето. Во подоцнежниот период од истата година, тој го напишал Џулијан и Мадало, лесно маскирано прераскажување на неговите поморски патувања и разговори со Бајрон во Венеција, завршувајќи со посета на лудница. Оваа поема го забележува појавувањето на "урбаниот стил" на Шели. Тој тогаш ја отпочнал драмата со долги строфи Одврзаниот Прометеј - повторно пишување на загубената претстава на античкиот поет Аескилус, која прикажува планини што говорат и кисел дух кој го соборува Јупитер. Две трагедии настапуваат во 1818 и 1819 г., кога неговиот син Вил убира од треска во Рим, а неговата млада ќерка Клара Еверина умира за време на уште една куќна преселба. На 27 декември 1818 г. се раѓа ќерката Елена Аделајд Шели во Неапол, Италија и е регистрирана таму како ќерка на Шели и жена со име Марина Падурин. Сепак, идентитетот на мајката е неречена мистерија. Некои научници шпекулираат дека нејзината вистинска мајка всушност била Клер Клермонт или Елизе Фоги, негувателка која работела за Шелиевата фамилија. Други научници предлагаат дека таа била сираче посвоено од страна на Шели, со надеж да се оттргне вниманието на Мери од смртта на Вилијам и Клара. Шели ја споменувал Елена во неговите писма како неговата "Наполитанска штитеничка." Сепак, Елена била оставена кај згрижувачки родители неколку дена по нејзиното раѓање, а фамилијата Шели се преселиле во друг италијански град, оставајќи ја. Елена починала 17 месеци подоцна, на 10 јуни 1820 г.
Шелиеви се селеле низ неколку Италијански градови низ овој период; во подоцнежната 1818 г. тие живееле во пансион во Виа Валфонд. Овде примиле две посетители: госпоѓицата Софија Сејси и нејзината мошне постара сопатничка, госпоѓицата Корбет Пери Џонс (опишана од Мери како "игнорантната мала Велшанка"). Во нејзината младост, Софија претстојувала кај своите тетин и тетка. Парот се преселил во истиот пансион и останал два месеци. За време на овој период Мери се породила со уште еден син; Софија е кредитирана за нејзиното посочување, детето да биде крстено по градот во кој се родило, па така синот станал Перси Флоренс Шели, подоцна познат како Сер Перси. Шели исто така ја напишал својата "Ода кон Софија Стејси" во тој период. Шели го завршил Одврзаниот Прометеј во Рим, и ја поминал средината од 1819 г, пишувајќи ја трагедијата Сенси во Ливорно. Во таа година, предизвикано заедно со други причини од Масакрот кај Петерлу, тој ги напишал своите најдбро познати политички поеми: Маската на Анархијата и Мажите од Англија. Овие биле можеби неговите најдобро запаметени дела за време на 19 век. Околу овој период, тој го напишал и есејот Филозовскиот поглед на Реформи, кој претставувал најдетално изложување на неговите политички гледишта во тоа време.
Во 1820 г., по веста за болеста на Џон Китс од некој негов пријател, Шели му напишал писмо канејќи го да му се придружи во неговиот дом во Пиза. Китс одговорил со надеж дека ќе се видат, но наместо тоа, биле направени подготовки за негово патување до Рим заедно со артистот Џозеф Северн. Инспириран од смртта на Китс, Шели во 1821 г. ја напишал елегијата Адонајас. Во 1821 г. Шели го сретнал Едвард Елеркер Вилијамс, Британски поморски офицер и неговата жена Џејн. Шели развил мошне силна симпатија кон Џејн и и посветил неколку поеми. Наклонетоста на Шели кон Џејн била чисто платонска, речиси еднаква на посветување. Во поемите кои тој ги посветил на Џејн, како Со Гитара, до Џејн и Еден Збор е пречесто осквернавен, тој ја возвишува до позиција вредна за обожување.
Во 1822 г., Шели организирал за Леи Хант, Британскиот поет и уредник кој бил еден од неговите најголеми поддржувачи во Англија, да дојдат во Италија со неговата фамилија. Тој планирал за тројцата – за себеси, Бајрон и Хант – да создава журнал, кој ќе се нарекува Либерал. Со Хант како уредник, нивните контраверзни пишувања би биле разгледувани а журналот би служел како контра удар на конзервативните истовременици како Блеквуд Магазин и Квартерли Ривју. Синот на Леи Хант, уредникот Тортон Леи Хант, кога подоцна бил запрашан кого повеќе претпочита – Шели или Бајрон како човек, тој одговорил: “Во една прилика требаше да однесам или земам од Бајрон некаква копија документи кои мојот татко, јас и Шели ги бевме средиле заеднички. Го најдов седнат во салонот, нагостувајќи се на кутија смокви. Тој ме запраша дали би сакал смокви. Сега, Лено разликата се состои во тоа што Шели ќе ми ја предадеше кутијата и ќе ми дозволеше самиот да се послужам.“
Смрт