Бачилиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Журче. Претставува сакрален објект и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1,5 км северно од селото, каде се откриени гробови, а видливи се и грамади од градежен материјал. Според исказите на мештаните, биле најдени кадилница и други материјали.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Даблики — населба и некропола од доцноантичко време; Љубов Камен — населба од неолитот; Мартинец — населба од средниот век; Св. Илија — црква и некропола од средниот век; Журче; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Журче