мини|десно|400п|Панорамски поглед на големиот рид Гроот кај Велес мини|десно|Поглед на Зајчев Рид кај Скопје мини|десно|Чоколадните Ридови во покраината Бохол на Филипините Рид или брдо — земјиштен облик што се издава над околниот терен и има свој врв, иако тој може да биде благ и неизразен.
Образба и терминологија Разликата помеѓу рид и планина не е секогаш јасна и честопати е субјективна. Начелно се смета дека ридот е понизок и поблаг, а планината е пострмна.
мини|десно|Ридови во Јудејската Пустина Ридовите се образуваат со геоморфни појави како раседи, ерозија на поголеми земјишни облици и со седимент донесен од ледници. Во случај да е седиментен, ридот настанува поради појавата на морени и друмлини или пак со ерозија на карпите, кои со абење стануваат ридови. Заобленоста кај ридовите се јавува поради дифузивното надолно движење на почвата и реголитниот материјал.
Постојат повеќе називи за разни водови на природни и вештачки ридови, зависно од нивниот изглед и начин на образба. Такви се хумката, тумбата, чуката, тумулот, друмлинот и др. Најголем вештачки рид на светот е Блекстрепскиот Скијачки Рид (Blackstrap Ski Hill, 45 м) во околината на Саскатун во покраината Саскачеван, Канада, направен за скијање.
Историско значење Ридовите играат значајна улога во историјата на човештвото. Многу населби и градови во праисторијата стариот век се изградени токму на ридови заради безбедност од природни непогоди и непријателски напади. Познато наоѓалиште во Македонија е Вардарски Рид, но во земјата постојат голем број други археолошки подрачја на ридови. Историјата на Рим започнува со неговиот развој на седум рида. Од слични причини, ридовите имале клучно значење во војувањето, како во минатото, така и денес. Доказ за ова се бројните тврдини изградени на ридовите.
Ридот како тема во уметноста и во популарната култура „Светиот рид“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1919 година.„Андре Бретон (био-библиографски летопис)“, во: Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 101. „Под Бен Балбен“ (Under Ben Bulben) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс од 1938 година.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 190-194. „Дрво на ридот“ - песна од истоимената книга на македонскиот поет Ацо Шопов од 1980 година.Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 156.„Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 160. „Ридови“ (Bregovi) - циклус песни во проза на српскиот писател Иво Андриќ од 1920 година.Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 111-139. „Волшебниот рид“ - роман на германскиот писател Томас Ман од 1924 година.Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138. „Куќа на ритчето“ (La casa in collina) - книга на италијанскиот писател Чезаре Павезе од 1959 година.Jugana Stojanović, „Čezare Paveze“, во: Čezare Paveze, Među usamljenim ženama. Beograd: Rad, 1964, стр. 121. „Белите ридови на татковината“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 130. „Шупливи ридови“ (Hollow Hills) - песна на британската рок-група „Баухаус“ од 1981 година.Bauhaus, Mask, Beggars Banquet BBL 29CD. „Рид со едно дрво“ (One Tree Hill) - песна на ирската рок-група „У2“ (U2) од 1987 година.U2, The Joshua Tree, Cai 9218, Jugoton. „Ридот Менсфорт“ (Mensforth Hill) - песна на англиската рок-група „Клеш“ (The Clash) од 1980 година.DISCOGS, The Clash – Sandinista! (пристапено на 10.6.2020) „Англичанецот кој се качил на рид, а слегол од планина“ (англиски: The Englishman Who Went Up a Hill but Came Down a Mountain) - британски филм од 1995 година, во режија на Кристофер Монгер.Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 22.Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 22.
Поврзано Тумба Тумул Хумка Чука Дина Тел Друмлин Ридски велосипедизам Брдски топ Ридови во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Вајарството на Земјата: Настанокот на земјишните облици
Категорија:Земјишни облици