Дињата е едногодишна билка. Припаѓа на фамилијата Cucurbitacae, каде припаѓаат и лубеницата, тиквата и краставицата. Потекло Дињата по потекло е од Азија и Африка. Се култивира и користи како храна повеќе од 4000 години. Плод

Плодот на дињата е жолтопортокалов, сочен, со благ вкус и карактеристична арома. За јадење е добра потполно зрела диња. Дињата се јаде свежа, исечена на парчиња и е одлично освежување во летните месеци. Но, од дињата се прават и овошни салати, компоти, џемови, сокови. Се користи плодот, коренот и семето. Хранлива вредност

Плодот на дињата содржи 95% вода, 1% белковини, 5,5% шеќери, 1 грам растителни влакна, лимонска киселина, етерични масла. Од витамини содржи многу каротин (2000 милиграми), витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали, дињата е богата со калиум (320 милиграми), фосфор, магнезиум, калциум, железо, цинк бакар. Дињата содржи висок процент вода и многу малку калории. Како и другото овошје, дињата не содржи масти и холестерол. Енергетската вредност во 100 gr диња изнесува '24 kcal.' Во семето на дињата има вода, водородни соединенија, фитини и масни киселини.

Употреба Ниту едно друго овошје не е покарактеристично за летниот период повеќе од лубеницата. Таа е одличен извор на калиум, но дињата содржи скоро трипати повеќе калиум од лубеницата. Својата портокалово-жолтеникава боја, дињата ја добива од бета-каротинот, кој е моќен антиоксиданс. Бета каротинот помага во борбата против ракот, а според некои последни истражувања се користи и во лечење на други типови на злоќудни болести.Затоа, дињата се смета дека е и антиканцерогено овошје. Дињата помага при лекување на разни болести, но и при заштита на кожата од изгореници. Во народната медицина дињата се користи за смирување и освежување. Водата и калиумот од ова овошје ја подобруваат работата на бубрезите и помагаат во отстранувањето на штетните материи од организмот. Дињата е природен лек за детоксикација на организмот. Дињата во народната медицина се користи и против камен во бубрег, при убод од инсекти и изгореници, при заболувања на желудникот и цревата. Помага при воспаление на жолчните и мочните патишта, при пореметено варење на храната. Сокот од диња, поради големата количина на антиоксиданси, му помага на организмот да се бори против штетните слободни радикали, кои ја оштетуваат кожата. Дињата и сокот од дињата штитат и од сончеви изгореници. Облози од сок од диња се користат за намалување на болката. На болното место се ставаат облоги од исцеден сок од диња или од изрендана диња.

* Категорија:Cucurbitaceae Диња