Универзална Инвестициона Банка АД Скопје, позната како УНИБанка, e македонска универзална банка, која, мерено според големината на активата, спаѓа во групата средни банки. Таа нуди широк спектар банкарски активности, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување кредити на правни и физички лица, услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет, до посредување во купопродажбата на девизи, хартии од вредност и друго. Нејзиното седиште се наоѓа на улица „Максим Горки“, бр. 6, 1000 Скопје.

Историја

Банката е основана на 30 април 1993 година како една меѓу првите банки по осамостојувањето на Македонија, под името Балканска банка а.д. Скопје. Согласно со регистрацијата, банката ги извршувала сите банкарски активности својствени за една универзална банкарска институција.

Во јули 2003 година била извршена сопственичка трансформација на акционерскиот капитал на банката. Реализирана е нова емисија на акции во вкупен износ од 2,0 милиони ЕУР. Сопственичката трансформација и реализацијата на новата емисија на акции предизвикаа промена во структурата на акционерскиот капитал на Банката од 78,8%. Новото име на Банката е Универзална Инвестициона банка а.д. Скопје или УНИБанка.

Банката има дозвола за вршење на сите банкарски активности согласно Законот за банки.

Основни податоци за банката

Број на вработени: 391 Над 200.000 клиенти 35 експозитури ширум Македонија Најголем број на банкомати во Македонија Најголем број на издадени картички Прва банка која во своето работење воведе чип заштитна технологија Прва банка која го воведе електронското плаќање преку интернет Нов новативен пристап во работењето Директен непосреден пристап и комуникација со клиентите

Акционери со квалификувано учество:

Цеко Тодоров Минев. Акции кои акционерот ги поседува во Банката: 198.994 обични акции, што претставува 37,51% од вкупниот број обични акции, односно 36,45% од вкупниот број акции.

Ивајло Димитров Мутафчиев. Акции кои акционерот ги поседува во Банката: 198.994 обични акции, што претставува 37,51% од вкупниот број обични акции, односно 36,45% од вкупниот број акции.

Износ на запишан капитал: 545.987.000 денари

Номинален износ на акциите: 1.000 денари

Акционери кои немаат квалификувано учество:

Вкупен број акционери кои немаат квалификувано учество во банката: 352

Вкупен број на обични акции кои ги поседуваат акционери кои немаат квалификувано учество: 132.457 обични акции

Финансиски активности кои банката ги врши

Прибирање на депозити и други повратни извори на средства Кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции Кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции Издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меница) Менувачки работи Платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на девизи Брз трансфер на пари Издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување Изнајмување сефови, остава и депо Тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали Тргување со хартии од вредност

Сопственичка и организациона структура

Во вкупната акционерска структура на банката, доминантни сопственици се двајца странски инвеститори, кои поседуваат повеќе од 75% од акциите.

УНИБанка организационо претставува систем кој функционира во функција на остварување на поставените стратешки цели и приближување до клиентот, преку работењето на:

Дирекција Платни системи; Дирекција Кредитирање на мало; Дирекција Корпоративно кредитирање; Дирекција Кредитна администрација; Дирекција Правни работи; Дирекција Трезор, дилинг и хартии од вредност; Дирекција Финансии и сметководство; Дирекција Картично работење; Дирекција Мрежа на експозитури; Дирекција Информатичка технологија; Дирекција Маркетинг и реклама; Дирекција Управување со ризици; Дирекција Небанкарски работи; Дирекција Управување со проблематични кредити

Финансиски показатели

Врз основа на ревидираните финансиски извештаи, подготвени во согласност со Методологијата пропишана од Народната банка на Република Македонија, во текот на 2012 година, Уни банка ги остварила следниве финансиски резултати од работењето.

Приходи од камата: 791 864 000 денари, Расходи од камата: 363 208 000 денари, Нето-приходи од камата: 428 656 000 денари, Приходи од провизии и надоместоци: 230 686 000 денари, Расходи за провизии и надоместоци: 105 604 000 денари, Нето-приходи од провизии и надоместоци: 125 082 000 денари, Исправка на вредностa на финансиските средства: 4 602 000 денари, Добивка за годината: 93 334 000 денари,

Истовремено, на 31 декември 2012 година, Уни банка ги имала следниве средства, обврски и капитал

Парични средства и еквиваленти: 1 916 273 000 денари, Кредити: 7 252 090 000 денари, Вкупна актива: 11 191 053 000 денари, Вкупно обврски: 10 111 653 000 денари, Депозити: 9 476 230 000 денари, Вкупно капитал и резерви: 1 079 400 000 денари.

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Банки во Македонија Категорија:Појавено во 1993 година во Македонија