Слабинските прешлени () го сочинуваат слабинскиот ’рбет, кај човекот се пет и се наоѓаат на ’рбетниот столб под градните прешлени и над крстните прешлени. Слабинските прешлени се означуваат: L1, L2, L3, L4 и L5. Делови мини|лево|Слабински пршлен Кај слабинските прешлени се разликуваат: тело (corpus vertebrae), телото од слабинските прешлени е пошироко и поголемо за разлика од другите тела на другите прешлени кои се помали; прешленски лакови (arcus vertebrae), прешленскитe лакови се многу цврсти и силни и од нив продолжуваат израстоците; прешленски отвор (foramen vertebrale); горни зглобни израстоци (processus articulares superiores); долни зглобни израстоци (processus articulares inferiores); напречни израстоци (processus transversus), напречните израстоци се долги и со триаголна форма; ’ртен израсток (processus spinosus).
Особености Одлики на првиот и петтиот слабински прешлен: Првиот слабински прешлен (L1) се изедначува со предниот крај на деветтото ребро; Петтиот слабински прешлен (L5) е карактеристичен со своето тело така што е подлабоко издадено во карличната празнина и заедно со крсната коска формираат испакнатост (). Зглобови Зглобовите меѓу зглобните израстоци на прешлените, се рамни зглобови и се врши само лизгање. Зглобовите меѓу пешленските тела, ги спојуваат телата со помош на меѓупрешленски плочи (), коишто се зајакнати со помош на два надолжни лигаменти: преден и заден. Движењата зависат од еластичноста на ’рбетниот столб и од неговата извежбаност. Галерија
Надворешни врски
Категорија:Анатомија