Драган Стојковиќ (роден на 3 март 1965 година, во Паси Пољана кај Ниш), познат по својот прекар Пикси, е српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер. Моментално е селектор на Србија.
Стојковиќ долго време бил капитен на репрезентацијата на СР Југославија и на екипата на Црвена Ѕвезда од Белград.Piksi on Red Star official web site Се смета за еден од најдобрите фудбалери во Југословенската и Српската историја. Бил учесник на две Светски првенства, во Италија 1990 година и во Франција 1998 година. На Мундијалот во Италија, тој бил избран во најдобриот тим на првенството, таканаречениот Ол-стар тим. Осум години подоцна, тој бил капитен на СР Југославија на Светкото првенство во Франција, каде што неговата репрезентација била поразена од Холандија во осминафиналето.
Тој е еден од петте фудбалери на Црвена Ѕвезда, кој е награден со титулата Ѕвездина ѕвезда. Тој изјавил дека смета оти не го покажал целиот свој потенцијал во Европа Outside of the Boot: Dragan Stojkovic, one of the Greatest – By Uros Popovic. 17 May 2013 поради повредата која го спречила да се етаблира во Марсеј, тогаш еден од најсилните клубови во Европа. И покрај тоа, постои консензус меѓу критичарите дека тој ги покажал извонредните способности во текот на кариерата и покрај хроничните повреди, во најреномираната лига во Јапонија. Asian Football Feast: Top 10 Japanese Foreigners: No 1 – Dragan Piksi Stojkovic. December 2012 The Inside Left: Then and Now: Dragan Stojkovic. By Dominic Bliss
По завршувањето на играчката кариера, Стојковиќ останал во Јапонија, каде ја започнал својата тренерска кариера во клубот за кој последно настапувал Нагоја Грампус. Тој го водел овој клуб до 2013 година, а потоа пет години бил тренер и на кинескиот клуб Гвангжу Р&Ф во периодот 2015-2020. На 3 март 2021, бил назначен за селектор на .
Животопис Стојковиќ е оженет со Снежана, со која ги има ќерките Андреа и Ања, како и синот Марко.Maja Jovanović, „Zaplakao sam kad sam video unuku“, Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 28-30.
Кариера
Наводи
Надворешни врски
Dragan Stojković at Giant Bomb
Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Луѓе од Ниш Категорија:Живи луѓе Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Српски фудбалски тренери