Херингсдорф () — општина и омилено морско одморалиште на островот Узедом, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Исто така е познат под името Царска бања ().

Општината била создадена во јануари 2005 од поранешните општини Херингсдорф, Албек и Банзин. До јануари 2006, општината била наречена Драјкајзербедер (Dreikaiserbäder), со буквално значења Три царски бањи, поради неколкуте посети на германскиот цар Вилхелм II до 1918.

Поради истата причина, убавата песочна плажа која се протега 12 километри од Банзин преку Херингсдорф до Албек и Свинеминде (денес во Полска), е исто наречена „Царска плажа“ (Kaiserstrand). Непрекинатата плажа на Балтичкото Море на островот Узедом има вкупна должина од 40 километри и со просечна широчина од 40 метри, ја прави една од најдолгите песочни плажи во Европа.Daft Logic Distance Calculator calculation

Туризмот е главна економска дејност во рамките на општината, со растечки број на хотели и бунгалови секоја година.

Преглед

Херингсдорф се наоѓа на балтичкиот брег на островот Узедом, околу 10 километри северозападно од Швиноујшќе.

Херингсдорф е едно од најомилените морски одморалишта на германскиот балтички брег од неговото основање. Се состои од три дела: Алберк на полската граница, Херингсдорф (средишниот дел) и Банзин во западниот дел. Овие три „царски бањи“ (Kaiserbäder) биле омилени бањи на германските цареви и се исто така наречени када на Берлин. Тие поседувани чисти плажи и бројни сликовити куќи и пансиони во бањска архитектура (Bäderarchitektur).

Галерија

Поврзано

Аеродром Херингсдорф

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Одморалиште Три царски бањи Царски бањи

Категорија:Западна Померанија-Грајфсвалд Категорија:Померанија (покраина) Категорија:Бањски градови во Германија