Илиница — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Лесково. Претставува црква од средниот век. Се наоѓа на 1,5 км источно од селото, каде се гледаат урнатини од стара црквичка, посветена на Св. Илија. Оваа црквичка е обновена во 1980 г. под истото име „Св. Илија“ на местото на средновековната, и има чешма и помошни објекти. Иако исто наречена, таа се разликува од истоимената разрушена црква во Долната Маала на Лесково.
Поврзано Црква „Св. Илија“ - Лесково Ѓурѓа — црква од средниот век; Манастириште — црква од средниот век; Лесково; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Лесково