Заврток — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Слоештица. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1 км североисточно од селото и на околу 100 м од левата страна на патот што води за селото, каде во нива на локални селани, што зафаќа површина од околу 0,5 ха, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и множество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Слоештица; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Слоештица