Горна Црква — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Суво Грло. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 300 м северозападно од селото, каде во непосредната близина на наоѓалиштето Куќишта, во 1941 година е изградена црква посветена на Св. Богородица. Црквата е изградена врз темелите од стара црква, градена од кршен камен и варов малтер, а на ѕидовите имало и фрескоживопис. Околу црквата биле откриени и гробови градени од камени плочи, со насоченост исток-запад.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Црква „Св. Богородица“ — црква изградена на наоѓалиштето; Суво Грло; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Суво Грло (Демирхисарско)