Жан Мари Гистав Ле Клезио (13 април 1940, во Ница) — еден од најголемите современи франкофонски писатели, најмногу преведуван, којшто во своето дело не води до најскриените катчиња на денешниот свет, а најчесто тоа го прави мешајќи го стварниот живот со преданијата, па и оние најдревните.Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010
Творешто Уште млад, во 1963 година, со делотo „Записник“ (Procis-verbal) влегува на голема врата на француската книжнина. Имено, тогаш, Сартр, Симон, Турние, го внесуваат како надеж на „Новиот роман“, а делово го сметаат за раскажување естетски блиско на „Станецот“ од А.Ками. По прeстојот и студиите во Мексико, по 1970 година и по постојаниот живот во движење меѓу Франција, Мексико, Мароко..., и патама Тајланд, Англија, Панама, Маврициус, родниот остров на неговото семејсво... Ле Клезио почнува да пишува и бргу го добива прекарот „писателот без граници“. Неговиот творeчки опис содржи триесетина романи, есеи, збирки на раскази, преводи. Запознавањето со древните преданија на американските Индиоси, особено на Маите, од коишто превел неколку митови, темите не се задржуваат само таму, туку се селат и во Африка и на друго место, низ животот на сточарите на Атлас и во Мароко Туарезите и на други места, а особено, животот на преселниците од родните огништа во престолнините на распаднатите колонијални царства, почнувајќи од Франција, значи, Париз, итн. Иако, скраја, Ле Клезио е присутен насекаде потихум, најчесто со романите; ќе издвоиме неколку:„Пустина“(преведен кај нас), „Копачи на злато“, па сè до последниот „Иста песна (припев): глад, глад!“, роман издаден напосредно пред да му се додели едно од највисоките светски книжевни признанија Нобеловата награда за литература, во 2008 година. Наводи
Категорија:Француски писатели Категорија:Француски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Офицери на Легијата на честа Категорија:Добитници на Ренодоовата награда Категорија:Живи луѓе Категорија:Маврициски нобеловци Категорија:Родени во 1940 година