Грамада — археолошко наоѓалиште во Македонски Брод. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на северниот раб на градот, каде што се проширува населбата, кога при изградбата на новите куќи се откриени темели од стари објекти. Се среќава голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На северниот крај од теренот се најдени гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Кале — градиште од доцноантичко време; Кула — населба и кастел од средниот век; Рајчица — базилика и некропола од старо христијанско време и ран среден век; Македонски Брод; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;

Наводи

Категорија:Македонски Брод