Локална управа — облик на јавно управување каде што во најголем дел од контекстот, се мисли на најниското ниво на управување во рамките на една држава. Терминот се користи да се разликува управувањето на државно ниво и се мисли на централна влада, национална влада и (доколку е потребно) федерална влада, а исто така и наднационална влада која се занимава со управување на институции помеѓу држави. Локалните влади најчесто работат преку овластувањата кои им се овозможени преку законодавството и директивите од повисокото ниво на власт. Кај федералните држави, локалната власт најчесто е третото (или понекогаш четвртото) ниво на влада, додека кај унитарните држави, локалната влада најчесто го опфаќа второто или третото ниво на власт и најчесто има поголеми овластувања од административните поделби на повисоко ниво.

Прашањето во врска со општинска влада е главно прашање на јавното управување и раководење. Институциите на локалната управа многу се разликуваат меѓу државите. Терминологијата најчесто се разликува дури кога постојат слични групирања. Најчести имиња за ентитетите на локалната влада кои постојат во една држава се: сојузна држава, регион, оддел, округ, префектура, област, административна единица, град, метропола, покраини, општина, градски реон, месна заедница, градска/локална управа, рурални покраини и село.

Африка

Египет

Локалната управа традиционално имала ограничена моќ во високо централизираната држава Египет. Од централната власт Египет бил поделен на 26 говернорати. (едн. Muhafazah; мн. Muhafazat). Овие биле поделени во области (едн. маrkaz; мн. Marakaz) и села (едн. qaryah; мн.qura) или градови. На секое ниво, постоела структура на управување која се состоела од совети составени од застапници и извршни органи кои биле поставувани од владата. Секој посебно бил управуван од управници, областни службеници, и градоначалници. Управниците биле назначувани од претседателот, и тие, по редослед, назначувале подредени функционери и службеници. Дополнително, организацијата на државата се извршувала од Министерството за внатрешни работи преку извршните органи на управниците сè до областните полициски станици и старешините на селата (едн. umdah; мн.umadah).

Пред револуцијата, државното инфилтрирање во руралните области било ограничено со моќта на значајни локални луѓе. Но, за време на Насер, земјишната реформа ја намали нивната социоекономска доминација и поврзувањето на селаните во задруги ја смени масовната зависност на селаните од земјопоседниците. Тие станаа поповрзани со централната власт. Зголемувањето на службениците во селските области овозможи да се овозможи развој и услуги во селата. Локалните гранки на владејачката партија, Арапската Социјалистичка Унија (АСУ), поттикнала одреден селски политички активизам и ги кооптирал локалните значајни луѓе во конкретен старешина на селото и ја утврдило нивната независност од државниот поредок.

Државното инфилтрирање за време на Садат и Мубарак не се повлекло. Пораните напори да ги мобилизираат селаните и да им достават услуги исчезнале кога згаснале локалните партии и задругите, но административната контрола врз селаните останала непроменета. Локалната власт на старите фамилии и старешините заживеала, но повеќе на трошок на селаните а не државата. Областните полициски станици ги урамнотежувале значајните луѓе и системот на локална управа (градоначалникот и советот) ги вклопил во владејачкиот систем.

Садат презел неколку мерки да ја децентрализира моќта во покраини и градови. Управниците придобиле повеќе авторитет според Законот број 43 од 1979, што ја намалил административната и буџетската контрола на централната власт врз покраините. Изгласаните советници придобиле, барем формално, право да го одобрат или неодобрат локалниот буџет. Со цел да ги намали локалните барања на централното министерство за финансии, им биле доделени поголеми моќи на локалната управа да создава или зголемува данок. Но, локалните претставници на советите вршеле големи притисоци за трошењето на владата, и огромните дефицити од претставничките тела на локалнта управа биле покривани од централната власт. Локалната управа се охрабрила да се впушта во заеднички потфати со приватни инвеститори. Овие потфати стимулирале сојуз меѓу владините службеници и локалните богати луѓе. За време на децентрализацијата и локална автономија на Мубарак ова станало повеќе од реалност и локалните политики често се каратеризирале со посебни локални услови. Па така, службениците во Горен Египет често се поклонувале на моќното исламско движење наспроти оние од пристанишните градови кои имале силни сојузи со увозниците.

Мали

Во последниве години, Мали се нафати со амбициозна програма за децентрализација, која ја вклучува главната област на Бамако, седум региони поделени во 46 окрузи (фран. cercles)и 682 рурални општински области(општина) . Државата останува во улога на советувач во административните и фискалните прашања и обезбедува техничка поддршка, усогласување и правен ресурс на овие нивоа. Се усовршуваат можностите за директна политичка улога и зголемена локална одговорност за развој.

Во август-септември 1998, се одржаа избори за членовите на градсите совети, кои последователно ги избраа нивните градоначалници. Во мај/јуни, за првпат граѓаните на општините ги избраа нивниите општински членови на советот . Излезот на жените беше околу 70% од вкупниот број и набљудувачите го сметаа процесот за отворен и транспарентен. Со градоначалниците, советите и одборите на локално ниво, новоизбраните службеници, општествено-граѓански организации, децентрализирани течнички услуги, интересите на приватниот сектор, други општини и донациски групи започнаа понатамошен развој.

На крајот, окрузите ќе бидат преинстуционирани, односно самите ќе имаат финансиска и правна основа. Нивните совети ќе бидат избрани од членови на окрузните совети. Регионите во највиското децентрализирано ниво, ќе имаат слична правна и финансиска автономија и ќе се состојат од извесен број во рамките на нивните географски граници. Мали треба да создаде капацитет за овие нивоа, особено да ги мобилизира и управува финансиските ресурси.

Јужна Африка

Јужна Африка има систем на две нивоа на локална власт што се состои од локални општини што спаѓаат во областни општини и метрополски општини што ги опфаќа и двете нивоа на локална власт.

Азија

Авганистан

Традиционално, Авганистан била поделен на покраини управувани од управники кои биле назначени од централната власт и имале значајна самоуправа во локалните работи. Денес, постојат 34 покраини. За време на Советската окупација и развојот на големите отпори во земјата, локалните области потпаднаа во голема мера под мухаџединските групи и најповеќето беа независни од повисоката власт. Локалните шерифи,исто така, донекаде, наметнале одредена независност од мухаџединските лидерства во Пакистан, воспоствувајќи нивни системи на локално управување, собирајќи приходи, управувајќи со образовни и други објекти, дури и впуштајќи се во локални преговори. Мухаџединските групи одржувале врски со партиите Пешавар (Peshawar) за да осигураат пристап до оружје што било раздавано до партиите на владата на Пакистан со цел да седостават на борачите во Авганистан.

Талибанците основаа шура ( собрание) составено од постари талибански членови и важни племенски групи од областа. Секоја шура составуваше закони и собираше закони на локално ниво. Талибанците основаа и привремена влада на целиот Авганистан, но не воспостави контрола врз локалните шури. Процесот на основање на транзициска влада во јуни 2002 од партијата Лоја Јирга опфатила многу постапки во вклучувања на локална власт. Најпрво, на окружно и општинско ниво, традиционалните шура совети се состанувале за да изберат гласачи – луѓе кои ќе гласаат за застапници на Лоја Јирга. Секој округ или општина требало да одбере однапред утврден број на гласачи , засновано на големината на популацијата. Овие гласачи патувале до регионалните центри и гласале, бирале помеѓу нив самите помал број на застапници на Лоја Јирга – според распределените броеви доделени на секој округ. Тогаш, застапниците биле дел од Лоја Јирга.,

Воените водачи кои владејат во неколку региони на земјата поседуваат локална контрола. Трансзиционата влада се обидува да ги интегрира локалните власти со централната власт, но недостасува лојалност од воените водачи што е потребна за управување. Потрадиционални форми на политичко управување како на пример Суфи мрежите, благородништво, јачина на кланот, мудрост заснована на возраста и слично сè уште постојат и играат значајна улога во авганистанското општество. Карцај се потпира на овие традиционални извори на власт во неговиот предизвик со воените водачи и постари исламистички водачи. Длабоките етнички, лингвистички , секташки, племенски, расни и религиозни раздори кои постојат во државата го создадоа таканаречениот Кавм (Qawm) идентитет, нагласувајќи ги локалните од повисоките формации. Кавм се однесува на група која поединецот се смета себеси дека припаѓа на помало племе, село, долина или соседство. Локалните власти се потпираат на овие форми на идентитет и лојалност.

Бангладеш

Бангладеш е поделен во седум административни поделби, секој именуван по нивните истоимени управни штабови: Барисал, Читагонг, Џака, Кулна, Рајшани, Силет и Рангпур.

Управите се поделени во области (zila). Има 64 области во Бангладеш, каде што секој посебно е поделен во подобласти (upazila orthana). Областа која ја опфаќа секоја полициска станица, освен за оние во метрополските области, е поделена во неколку сојузи и секој сојуз се состои од неколку села. Во метрополските области, полициските области се поделени во изборни единици и тие понатаму тие се поделени во т.н. махалас. Не постојат избрани службеници на окружно или областно ниво и администрацијата се состои само од владини службеници. Директни избори се одржуваат за секоја изборна единица каде се бира претседател и определен број на членови. Во 1997, беше донесен закон кој осигурува во секој сојуз 3 седишта (од 12) за женски кандидати. Џака е главниот и најголемиот град во Бангладеш. Градиовите кои имаат градска копрпорација и одржуваат градоначалнички избори се: Јужна Џака, Северна Џака, Читагонг, Кулна, Силџет, Рајшани, Барисал, Рангпур, Комила и Газипур. Други поголеми градови, кои вклучуваат други општини кои бираат претседатели се: Меменсинг, Гопалгани, Јесоре, Богра, Динајпур, Саидапур, Нарајангањ и Рангамати. И двете видови општини имаат мандат од 5 години.

Индија

Во Индија локалната власт е третото ниво на управување покрај државната и централната власт. Постојат два типа на локална управа кои се во функција: панчајатас во руралните области и општини во урбаните области. Панчајатасите се поврзан систем на локални тела со селски панчајатас ( просечна популација од 5000 жители) панчајатски семити на средно ниво (просечна популација од околу 100000) и панчајати-административна единица (просечна популација од околу 1.000000). Телата на локалната управа во основа се демократски институции.

Израел

Министерството за внатрешни работи на Израел признава 4 типа на локална управа во Израел

Градови: 71 урбани општини на едно ниво, најчесто со популација која преминува 20000 жители. Локални совети: 141 урбани или рурални општини на едно ниво, најчесто со популација меѓу 2000 и 20000 жители. Регионални совети: 54 општини на двојно ниво кои управуваат повеќе рурални заедници сместени во релативно блиска географска околина. Бројот на жителите во секоја заедница најчесто не преминува над 2000 жители. Не постојат одредени ограничувања на популацијата и големината на земјишната област на израелските регионални совети. Индустриски совети: две општини на двојно ниво кои управуваат големи и комплексни индустриски области надвор од градовите. Локалните индустриски совети се во Тефен во Горен Галиле (северно од Кармиел) и Рамат Ховав во Негев (јужно од Беер Шевал).

Јапонија