Куклојца — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа западно од тврдината Градец, на истоимениот рид, каде има лежишта на бигор кој е користен при градба на објекти во селото Здуње. На зарамнетото плато има урнатини на објекти и средновековна населбинска керамика. На овој простор била сместена мала населба која претставувала стражарски пункт за контрола на патните правци. Од овој рид се овозможува извонреден видик на сите страни и возможна визуелна комуникација со тврдината Градец, во случај на непријателски упади благовремено да се преземаат заштитни мерки.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Голема Пеш — населба од палеолитско време; Бошевци — црква и некропола од средниот век; Градиште — населба од доцноантичко време; Подградец — населба од доцноантичко време; Св. Недела — црква и некропола од средниот век; Оча — некропола од раниот среден век; Црквиште — црква од средниот век; Цуцул — населба од рисмко време и среден век; Потпетрушка — светилиште од ран среден век; Засечишта — населба од средниот век; Старо Село — населба и некропола од средниот век; Здуње; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;

Наводи

Категорија:Здуње (Порече)