Кале — археолошко наоѓалиште во поречкото село Модриште. Претставува градиште од доцноантичко време. Се наоѓа на 2 км од селото, на еден висок рид на десниот брег на Голема Река (Треска), кој стрмно се спушта кон речното корито. На зарамнетиот врв, со простор од 100 × 50 м, се гледаат темели од бедем граден од камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и множество друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Падиште — населба од доцноантичко време; Во Селото — населба и некропола од доцноантичко време; Св. Богородица — црква од средниот век; Модриште; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;

Наводи

Категорија:Модриште