Метју Хејман (; р. ) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално помеѓу 2000 и 2019 година. Во текот на кариерата, Хејман бил искусен и почитуван помошник, бидејќи вообичано ја имал улогата да поддржува некого во рамки на екипата. Хејман бил исто така специјалист за калдрмисаните класици и го освоил Париз-Рубе во 2016 година. По неговото пензионирање од трките по Тур Даун Андер 2019, Хејман останал со екипата како повремен спортски директор за „специјални проекти“.
Личен живот
Хејман е роден во западниот дел на Сиднеј, но семејството живееле близу Гулбурн во сојузната држава Нов Јужен Велс, кога се заинтересирал за велосипедизам, главно поради неговиот постар брат. Започнал со трки во Канбера и следејќи го неговиот брат, се преселил во Европа за да продолжи со можната велосипедска кариера во 1997 година. Се тркал како аматер со екипата под 23 години на Рабобанк во Холандија. Во 2006 година се оженил со Ким Ширли, австралиска велосипедистка. Двојката добила син во 2011 година и близнаци во 2017 година.
Кариера
Хејман станал професионалец во 2000 година со , по три години возејќи како аматер во Европа. Ја завршил својата прва Париз-Рубе истата година. Останал со Рабобанк десет години, постигнувајќи бројни добри резултати. Сепак при едно интервју одбил да коментира за неговото време во Рабобанк и Герт Лејндерс.((http://www.cyclingnews.com/news/hayman-refuses-to-discuss-geert-leinders/)) Возел за Австралија на Игрите на Комонвелтот 2006 во Мелбурн како помошник во корист на Алан Дејвис, но на крајот Хејман го освоил златниот медал на друмската трка.
На крајот на 2009 година, Хејман го напуштил Рабобанк и се приклучил на новата професионална екипа, тогаш позната како . Хејман го напуштил на крајот на сезоната 2013, и му се приклучил на за сезоната 2014.
На 10 април 2016 година ја освоил Париз-Рубе, осма професионална победа во неговата кариера. Бил дел од бегството на 16 возачи кои се одвоиле од главната група на почетокот на трката, на кои подоцна им се приклучила група, која се создала откако главната група се распаднала по пад на 115. километар од целта. Во завршните километри, Хејман успеал да ја намали разликата со возачите напред напаѓајќи од водечката група и во завршниот спринт на велодромот во Рубе, ги поразил Том Бонен, Ијан Станард, Сеп Ванмарке и Едвалд Боасон Хаген. Неговата прва реакција била неверување: „Не можам да поверувам [...] Ова е моја омилена трка, трка за која сонувам секоја година. Оваа година не се ни осмелив да сонувам“.
На 18 септември 2018 година, Хејман објавил дека планира да се повлече по Тур Даун Андер 2019.
Достигнувања
1996 2. 15п Светско јуниорско хронометарско првенство 2. Национално јуниорско хронометарско првенство 1999 2. Краен пласман Трка Олимпија 1. Етапа 3b (ТТТ) 3. Омлоп дер Кемпен 2000 5. Краен пласман Шпаркасен Џиро Бохум 6. Краен пласман Гулденспорентведагсе 2001 1. Трофео Манакор-Кан Пикафорт 1. 20п Краен пласман Челинџ Мајорка 1. Етапа 2 1. Спринтерски пласман 6. Краен пласман Сиркут Франко-Белж 7. Милано-Торино 2002 6. Хенк Вос Меморијал 9. Краен пласман Стер Електротур 10. Краен пласман Сиркут Франко Белж 2003 10. Гент-Вевелгем 2004 4. Тур де Рејке 10. Краен пласман Трка околу Саксонија 10. Шал Селс-Мерксем 2005 1. 20п Краен пласман Трка околу Саксонија 8. Краен пласман Три дена Де Пане 8. Краен пласман Сиркут Франко-Белж 8. Дварс дор Вландерен 10. Трофео Калвија 2006 1. 15п Друмска трка Комонвелтски игри 2. Норд Недерланд Тур 3. Краен пласман Одсет 2007 4. Дварс дор Вландерен 5. Тур де Рејке 7. Профронде ван Фрисланд 9. Краен пласман Трка околу Катар 2008 10. Ронде ван хет Груне Харт 2009 4. Гент-Вевелгем 7. Трофео Инка 8. Дварс дор Вландерен 8. Меморијал Рик ван Стенберген 10. Тур де Рејке 2010 5. Дварс дор Вландерен 2011 1. Париз-Бурж 3. Омлоп хет Ниувсблад 4. Дварс дор Вландерен 6. Краен пласман Сиркут Франко-Белж 10. Париз-Рубе 2012 8. Париз-Рубе 2013 3. Дварс дор Вландерен 2016 1. Париз-Рубе
Распоред на резултатите на големи трки
Распоред на резултатите на големи трки Голема трка 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 Џиро 91 — — — 136 — СО — 105 — — — — — — — — Тур — — — — — — — — — — — — СО — 135 151 108 Вуелта — 137 — СО — — — — — — — — — 130 — — —
Распоред на резултатите на класиците
Распоред на резултатите на монументите Монумент 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018Милано-Санремо————155—12286—93129—СО—СО62—137—Трка околу Фландрија——7082—479068—60132179СО5139—9183Париз-Рубе6549СО26—7823—113212410852517611122Лиеж-Бастоњ-Лиеж————————————————141——Џиро ди Ломбардијаcolspan=19
СО = се откажал; — не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Профил на Australia Cycling
Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Луѓе од Сиднеј