Џозеф Лојд „Џо“ Домбровски (; ) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Домбровски станал професионалец во 2011 година и настапувал за екипите , , и .

Личен живот

Домбровски е роден во 1991 година во Кристијана, Делавер, САД, додека својата младост ја поминал во Маршал, Вирџинија, САД. Престојува во Маршал, Вирџинија и во Ница, Франција. Помеѓу 2009 и 2010, Домбровски го посетувал универзитетот „Џорџ Мејсон“ во Ферфекс, Вирџинија.

Кариера Рани години

Домбровски најпрвин започнал со планински велосипедизам во 2006 година, со велокрос во 2007 година и со друмски велосипедизам во 2009 година, возејќи за локалната екипа Хејмаркет Бајсиклс. Настапувал за , континентална екипа, за 2011 година и за 2012 година. Во текот на сезоната 2012, Домбровски собрал значајни резултати. Го освоил Џиробио, завршил четврти на Трката околу Јута и завршил десетти на САД Про Сајклинг Челинџ.

Тим Скај (2013-2014)

Во 2013 година, Домбровски потпишал со екипата за сезоните 2013 и 2014. Во текот на сезоната 2013, Домбровски му помагал на колегата Крис Фрум да успее во некои повеќеетапни трки. Во текот на сезоната 2014, врз Домбровски успешно била изведена операција на артерија.

Канондејл-Гармин (2015-2019)

Домбровски потпишал со за сезоните 2015 и 2016. Додека се подготвувал за Вуелта а Еспања, ја освоил Трката околу Јута 2015, победувајќи ја шестата етапа за обезбедување на победата. Подоцна, бил вклучен во почетниот состав на екипата за Вуелта а Еспања 2015 и имал одличен резултат на единаесеттата етапа, кралската етапа, но потфрлил да направи поголем резултат на трката, завршувајќи на 46. место. Повторно потпишал со за сезоните 2017 и 2018. Останал со екипата во 2019 година. Во 2019 година освоил уште една етапа на Трката околу Јута и го имал својот најдобар резултат на некоја голема трка, завршувајќи на 12. место на Џиро д’Италија.

ОАЕ Тим Емирати (2020–21)

Во септември 2019 година било објавено дека Домбровски потпишал двегодишен договор со . Во текот на пандемијата на КОВИД-19, најдобриот резултат во генералниот пласман му бил 26. место на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали, а на Џиро д’Италија завршил на 43. место.

На Џиро д’Италија 2021, Домбровски бил дел од 25-члено бегство на четвртата етапа на која имало дожд; се одвоил од групата на последното искачување и сам дошол до победа со разлика од 13 секунди пред Алесандро Де Марки. Со неговата прва победа во Европа по освојувањето на Џиробио 2012, Домбровски се искачил на второто место во генералниот пласман – пред Де Марки за 22 секунди – и ја презел сината маичка како предводник на планинскиот пласман. Следниот ден, Домбровски удрил во контролор на трката кој го организирал сообраќајот во последните четири километри на етапа до Католика. Продолжил и ја завршил етапата со осум минути доцнење, но ја напуштил трката следното утро со потрес на мозок. На Вуелта а Еспања подоцна во сезоната, Домбровски повторно бил во бегство во првата седмица, овојпат на третата етапа на завршницата до врвот Пикон Бланко. Домбровски ја нападнал групата на 5 километри до целта и само Кени Елисонд и Реин Тарамае можеле да го следат; Тарамае – кој исто така бил дел од бегството на Џиро – се одвоил и ја освоил етапата со 21 секунда пред Домбровски.

Астана Казахстан Тим (2022-денес)

Во октомври 2021 година, Домбровски потпишал двегодишен договор со , подоцна преименуван како , од сезоната 2022.

Достигнувања

2011 2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 5 3. Краен пласман Ронд де л’Изар 6. Краен пласман Трка Џила 8. Краен пласман Флеш ду Суд 2012 1. 20п Краен пласман Џиробио 1. Пласман за млад возач 1. Етапа 4 1. Етапа 8 3. Краен пласман Трка Џила 1. 20п Пласман за млад возач 4. Краен пласман Трка околу Јута 1. 20п Пласман за млад возач 10. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ 1. 20п Пласман за млад возач 10. Краен пласман Класик Каскад 10. Трофео Алсиде Дегаспери 2013 1. Етапа 1 (ТТТ), Џиро дел Трентино 6. Јапонски куп 2015 1. 20п Краен пласман Трка околу Јута 1. Етапа 6 2. Национално друмско првенство 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија 7. Краен пласман Тур де Сан Луис 2016 8. Краен пласман Трка околу Јута 2018 5. Краен пласман Класик Колорадо 6. Краен пласман Трка околу Јута 2019 3. Краен пласман Трка околу Јута 1. Етапа 6 7. Краен пласман Рут д’Окситани 2021 1. Етапа 4 Џиро д’Италија

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Џиро— 34 69 63 12 43 СО 22 Тур———————43 Вуелта 46 88 101——— 39—

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Профил на Cycling Base

Категорија:Американски велосипедисти Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски етапни победници на Џиро д’Италија