Пиратската партија () е политичка партија формирана во Шведска во 2006 година. Сега таа во Шведска е трета по број на членови. Нејзината популарност влијаеше на зголемувањето на популарноста и на другите партии во другите земји со исти или слични цели. Формирана е Меѓународна пиратска партија.
Партијата тежнее кон реформа во законодавството према авторските права и патентите. Агендатата подразбира поддршка на правото на приватност, како на интернет така и во секојдневниот живот, и транспарентност на државата и администрацијата.
Партијата учествувала на изборите за парламент на Шведска во 2006 година и освоила 0,63% гласови со што станала трета партија по бројот на гласови надвор од парламентот. По бројот на членови ја престигнала Партијата на Зелените во декември 2008 година, а партијата на левицата во февруари 2009, либерално демохристијанската партија во април 2009Result of Verdict, for the Pirate Party . Blog Pirate. April 17, 2009., а партијата на центарот во мај 2009 година, со што станала трета партија по бројот на членови во Шведска. Организацијата на Млади Пирати која е подмладок на Пиратската партија е најголема организација на млади по својот број. На изборите за европскиот парламент во 2009 година Пиратската партија добила 7,13% од гласовите што резултирало со еден мандат во Европскиот парламент, а две доколку се ратификува Лисабонскиот договор.
Наводи
Категорија:Политички партии во Шведска Категорија:Пиратски партии