Стојан Тарапуза (Злетово, 29 декември 1933) — македонски поет.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр.254 - 256. Тарапуза со својата плодна издавачка дејност е познат по својата поезија за деца и возрасни. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1966 година, каде е еден од највозрасните членови и автори.

Животопис Тарапуза е роден на година во Злетово, Пробиштипско. Основното образование го завршил во родното место и во Штип, а потоа учел во средното техничко училиште и на Вишата педагошка академија во Скопје. Работел како новинар во редакцијата „Детска радост“, во книгоиздателството Наша книга и во Македонското радио.„Белешка за авторот“, во: Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 107. Член е на ДПМ од 1966 година. Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984, стр. 148.

Творештво Стојан Тарапуза пишува поезија за деца и за возрасни. Негови позначајни дела се:„Белешка за авторот“, во: Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 107-108. Црвено растење (поезија, 1961) Во каменот ден (поезија, 1965) Грејни сонце (поезија за деца, 1966) Полно кајче желби (поезија за деца, 1967) Дамбара, думбара (поезија за деца, 1969) Насмеани капки (избор од поезијата за деца, 1969) Цвет и злато (поезија за деца, 1970) Очиња поточиња (поезија, 1972) Деновирки (поезија за деца, 1975) Алец палец (избор од поезијата за деца, 1975) Седум брода (поезија за деца, 1978) Облак се поти (поезија за деца, 1984) Под стреата на ѕвездите (поезија за деца, 1985) Тафтара бафтара (избор од поезијата за деца, 1986) Со два ата по два пата (поезија за деца, 1987) Цветови од зборови (стихувана сликовница, 1988) Училиште за кловнови (1989) Поглед низ двоглед (поезија за деца, 1990) Мое твое-погоди што е (стихувани гатанки, 1991) Брзалки без врзалки (брзозборки, 1992) Златици-крилатици (поезија за деца, 1993) Ѕуница пауница (поезија за деца, 1993) Зборови по дворови (поезија за деца, 1993) Шарки-жарки (поезија за деца, 1995) Зеници ѕвезденици (поезија за деца, 1998) Цветулки со светулки (поезија за деца, 2000) Насликано време (поезија за деца, 2015)„Промоција на „Насликано време“ од Стојан Тарапуза“, Дневник, година XIX, број 5753, среда, 29 април 2015, стр. 21. Скаменет сон (поезија, 2017)

Превод на други јазици Некои негови збирки и избори од неговата поезија се објавени и на други јазици (српски, албански и словенечки), како: „Насмијане капљице“ (Нови Сад, 1973), „Како се дозива звијезда“ (Белград, 1980), „Kako prikličeš zvezdo“ (Љубљана, 1986), „Dita e di kenden e vet“ (Скопје, 1988), „Златна рука“ (Бања Лука, 1990) и „Цветови од речи“ (Горни Милановац, 1988). Покрај тоа, тој е застапен во повеќе поетски антологии, а неговите песни се преведени на повеќе јазици, и тоа: руски, германски, полски, чешки, италијански, бугарски, унгарски, романски итн. Од друга страна, тој преведувал од српскохрватски јазик. Тарапуза и уредник на антологијата на песни за деца од македонската и светската народна и уметничка поезија со наслов „Сребрени ѕвончиња“.„Белешка за авторот“, во: Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 107-108.

Награди За своите дела Тарапуза е добитник на повеќе награди, како: трикратен добитник на наградата на Радио-телевизија Скопје која се доделувала на Струшките вечери на поезијата (во 1970 година за „Дамбара думбара“, во 1975 година за „Деновирки“ и во 1979 година за „Седум брода“); Змаевата награда во 1982 година; за книгата „Шарки жарки“ во 1995 година ја добил наградата на „Детска радост“ за најдобра книга за деца; добитник на наградата „Курирче“; исто така, тој е добитник на неколку награди за поединечни песни.„Белешка за авторот“, во: Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 108. Како признание на долгогодишното творештво, во ноември 2014 година, Тарапуза ја добил наградата „13 Ноември“, која ја доделува градот Скопје.„Прогласени добитниците на 13 Ноември““, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 19.

Наводи

Надворешни врски Стојан Тарапуза на страницата на МАИ. Стојан Тарапуза на Македонската енциклопедија.

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Злетово Категорија:Добитници на наградата 13 Ноември Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Македонски новинари