Иверот () е парна и најдолга коска во човековото тело, позната како бутна коска. Делови На иверот се разликуваат: тело () наликува на тристрана призма, лаковидно извиена во конвекситет нанапред, служи за припојување на одделни мускули на бутот; глава () се спојува со зглобната површина од ацетабулумот на карличната коска; анатомски врат (); голема џумка (); мала џумка (); два кондила () однапред се споени, а одназад се раздвоени со интеркондиларна јама, долните површини од кондилите се зглобуваат со тибијата, а однапред се зглобуваат со чашката (), бочно од кондилите се наоѓа по еден незглобен епикондил. Мускули Мускулите во овој дел го поврзуваат горниот крај од иверот со коските од карличниот појас и го поврзуваат иверот со горните краеви од коските на потколеницата: слабинскобедрен мускул (), составен од два мускули: бедрен мускул (), тргнува од илијачната јама на карличната коска; голем слабински мускул () тргнува од телата и напречните израстоци на слабинските прешлени. Двата мускули со заедничка тетива завршуваат на малата џумка од иверот; голем седален мускул () тргнува од крилото на бедрената коска и од крсната коска, а завршува на задната страна од бутот; среден седален мускул () се наоѓа под големиот седален мускул и има ист припој како големиот седален мускул; најмал седален мускул () сместен е најдлабоко, а има ист припој како големиот и средниот седален мускул; четириглав мускул на бутот () составен е од четири глави, едната глава тргнува од карличната коска, а другите три од иверот. Сите глави преку заедничка тетива означена како пателарен лигамент завршуваат на горниот крај од тибијата, мускулот е силен екстензор на потколеницата; двоглав мускул на бутот () составен е од две глави кои тргнуваат од карличната коска и иверот, а завршуваат со заедничка тетива на главата од фибулата. Зглобови Зглобовите го поврзуваат скелетот на карлицата со бутот и меѓу себе коските од скелетот на слободниот дел од ногата: зглоб на колкот () го поврзува ацетабулумот од карличната коска со главата од бутната коска. Спаѓа во топчести зглобови и во него се вршат сите движења на ногата; зглоб на коленото () ги спојува кондилите од иверот со кондилите од големата писка, напред е патела, а меѓу зглобните површини се вметнати латерален и медијален менискус, во зглобот се вршат движења на флексија, екстензија и делумна ротација. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски