Герамидница — археолошко наоѓалиште во преспанското село Долно Дупени. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 500 м јужно од селото, од десната страна на патот што води кон грчката граница, каде по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Гробишта — црква и некропола од средниот век; Долно Дупени — населба од доцноантичко време; Рот — некролола од доцноантичко време; Маркова Нога — населба од хеленистичко и доцноантичко време; Долно Дупени; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Долно Дупени