Борис Леонидович Пастернак (10 февруари 1890, Москва - 30 мај 1960, Переделкино, Русија) - руски поет и прозаист од еврејско потекло, добитник на Нобеловата награда за литература во 1958 година за извонредните дострели во современата лирска поезија и на полето на големата руска епска традиција. Тој бил принуден да се откаже од наградата иако првобитно ја прифати, а потоа станал жртва на политичката кампања во која романот „Доктор Живаго“ бил забранет во СССР.Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009.

Животопис thumb|лево|Борис (лево) со братот Алекс, слика на нивниот татко, Леонид Пастернак Животот на Пастернак е опишан во неговата автобиографија од 1958 година, која е поделена на пет кратки глави: „Раното детство“, „Скрјабин“, „1900-тите години“, „Пред Првата светска војна“ и „Три сенки“.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 7.

Детството и младоста Борис Пастернак е роден во Москва на 10 февруари 1890 година, во богато еврејско уметничко семејство, како син на сликарот Леонид Пастернак и на пијанистката Роза Кауфман. Неговото семејство живеело во зградата на сликарската школа каде работел татко му, припадник на тогашната „Заедница на помладите руски сликари“ и познат по тоа што повеќепати го портретирал Толстој и сликал сцени од Јасна Полјана.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 7. Татко му Леонид Пастернак бил постимпресионистички сликар и професор на Московското училиште за сликање, скулптура и архитектура, а неговата мајка Роза Кауфман, ќерка на индустријалец од Одеса, била концертна пијанистка. Пастернак имал помал брат, Алекс, и две сестри: Лидија и Жозефин. Семејството тврдело дека по таткова линија води потекло од Исак Абрабанел, познат Сефарди Евреин од Португалија,Boris Pasternak: A Literary Biography, By Christopher Barnes, p. 2. а познато е дека родителите на Пастернак се дружеле со Лав Толстој.Pasternak (1959) p. 25. Таткото на Пастернак добил телеграма за смртта на Толстој во Астапово и веднаш заминал таму, заедно со Борис, каде направил и цртеж на Толстој на смртната постела.Ivinskaya (1978), p. xvi. Чести посетители на домот на Пастернак биле и Сергеј Рахманинов, Александар Скрјабин, Лев Шестов, Рајнер Марија Рилке. На пример, на 23 ноември 1894 година, Толстој и неговите ќерки го посетиле Леонид Пастернак во сликарската школа, каде присуствувале на концертот на Роза Кауфман и двајца професори на конзерваториумот, кои свиреле музика на Чајковски. Таа вечер Борис Пастернак ја сметал за почетокот на своето свесно паметење. За време на концертот, малиот Борис се разбудил од музиката и почнал да плаче, а по завршувањето на еден став, во неговата соба влегла мајка му и тогаш го видел Толстој отпозади. Исто така, Борис се сеќавал и на денот кога татко му ги работел илустрациите за романот на Толстој, „Воскресение“, како и на смртта и погребот на Толстој.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 7-8.

Во 1906 година, Пастернак за првпат заминал во странство, кога со родителите го посетил Берлин, а по враќањето дома, тој станал љубител на лириката на Рилке. Следната година, воодушевен од модерната уметност, Пастернак станал член на неколку здруженија, како: „Сердарда“ и „Мусагет“ (чиј покровител бил Андреј Бели), иако во второто здружение не учествувал активно. Исто така, од неговата младост потекнува воодушевеноста од поезијата на Блок кого го истакнува како најретката и најдрагоцената појава во својот живот. Инаку, со Блок лично се запознал неколку месеци пред Блоковата смрт, и тоа површно.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 9.

Престојот во Марбург thumb|лево|Борис Пастернак во 1910, слика на татко му Леонид Пастернак На почетокот, Борис Пастернак сакал да биде музичар, така што во раната малдост, седум години учел музика, а неговиот музички идол бил Скрјабин. Оттука, воопшто не зачудува тоа што во двете свои автобиографии, тој посветува повеќе страници на музиката и на Скрјабин, особено на средбата на која му ги свирел на Скрјабин своите композиции. Меѓутоа, веднаш по таа вечер, наспроти пофалбите од големиот композитор, Пастернак раскрстил со музиката, а подоцна тој чекор го опишал на следниов начин: „Веќе тогаш мразев сè што не претставуваше творештво, сè занаетчиско... Во вистинскиот живот, мислев, сè треба да биде чудо и предодреденост, ништо смислено и намерно...“Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 8.

Во 1910 година заминал во Германија, каде студирал филозофија на Универзитет Марбург, а таму се вљубил во Ида Висоцка, девојка од богато московско еврејско семејство, која ја подучувал за последната нејзина школска година. Тие се сретнале во Марбург, во текот на летото 1912 година, кога таткото на Борис, Леонид, го сликал нејзин портрет. Борис Пастернак ја запросил Ида, но на нејзиното семејство не му се допаднало тоа што бил сиромашен и немал перспектива, па ја убедиле да го одбие. За својата љубов кон неа и одбивањето, Пастернак ја напишал поемата „Марбург“ (1917).Ivinskaya (1978) p. 395. Интересно, во автобиографското дело „Заштитна повелба“, студиите во Марбург ги истакнува како вториот од трите клучни точки во неговото созревање, додека во втората автобиографија од 1958 година тој едвај го споменува престојот во Марбург.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 10.

Животот во Русија thumb|Пастернак со Евгенија Луре и синот ПОчетокот на Првата светска војна го затекнала Пастернак на имотот на стариот поет Балтрушајтис, на реката Ока, во карактеристично, ексклузивно поетско друштво. Наскоро по објавувањето на војната, тој заминува во Москва, каде е дефинитивно ослободен од воената обврска.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 13.

За време на Првата светска војна, Пастернак работел во хемиска фабрика во Всеволодово-Вилве, блиску до Перм, каде најверојатно се здобил со материјал за неговиот подоцнежен роман Доктор Живаго. За разлика од неговото семејство и голем број негови пријатели, Пастернак не сакал да ја напушти Русија по Октомвриската револуција. Кон крајот на 1920-те години, се допишувал со Рилке и со Марина Цветаева. За разлика од својата автобиографска проза „Заштитна повелба“, во која во завиткана форма пишува дека бил ослободен од воената обврска поради некоја болест или недостаток, во втората автобиографија од 1958 година тој соопштува дека летото 1902 година, паднал од коњ и ја повредил ногата, која потоа му била пократка од другата, и тоа „во иднина го ослободувало од секоја воена обврска“.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 9. Исто така, во својата автобиографија тој сосема малку и патем пишува за периодот по Октомвриската револуција, наведувајќи пет значајни советски поети кои извршиле самоубиство во тој период: Есенин, Мајаковски, Јашвили, Цветаева и Фадеев.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 14.

Во 1922 година, Борис Пастернак се оженил со Евгенија Луре, студентка на институтот за уметност, а наредната година се родил нивниот син, Евгениј. Во 1927 година, кога пријателите на Пастернак, Владимир Мајаковски и Николај Асеев јавно се залагале за целосно потчинување на уметноста за потребите на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз,Boris Pasternak: Family Correspondence, 1921–1960, p. 78. во едно писмо до сестра му Жозефин, Пастернак напишал дека ќе ги прекине контактите со нив. Во 1932 година, Борис Пастернак се вљубил во Зинаида Нојхаус, сопруга на рускиот пијанист Хајнрих Нојхаус. И двајцата се развеле од своите партнери, и две години подоцна се венчале.

Во април 1934 година, Осип Мандељштам му ја прочитал на Пастернак својата песна „Епиграм за Сталин“. Откако ја чул, Пастернак рекол: „Не сум го чул ова, ти не ми го прочита, затоа што, знаеш, многу чудни и страшни работи се случуваат сега: ги собираат луѓето. Се плашам дека ѕидовите имаат уши, или овие клупи на булеварот можеби можат да чујат. Затоа, јас ништо не чув.“Ivinskaya (1978) pp. 61–63. Ноќта, на 14 мај 1934 година, Мандељштам бил уапсен во неговиот дом. Откако дознал за ова, Пастернак отишол во канцелариите на Известија и го молел Николај Бухарин да интервенира за Мандељштам. Набргу по средбата со Бухарин, во станот на Пастернак заѕвонил телефонот и гласот од другата страна рекол: „Другарот Сталин сака да зборува со тебе.“ Сталин го прашал: „Кажи ми што се зборува во литературните кругови за апсењето на Мандељштам?“ Пастернак негирал дека постои каква било дискусија за тоа и додал дека веќе не постои литературен круг во Советска Русија. Потоа, Сталин го прашал што мисли лично за Мандељштам, а Пастернак одговорил дека тој и Мандељштам имаат сосема различна филозофија за поезијата. На крајот, Сталин рекол: „Гледам дека не си способен да се заземеш за другар.“

Во последниот дел од својата автобиографија од 1958 година, Пастернак пишува дека за поновиот период од својот живот, кој се поклопува со кулминацијата на Сталиновата епоха, ќе говори концизно, ограничувајќи се на „генерализации“ и „брзи карактеристики“ при што повеќе пишува за судбината на Цветаева отколку за себе, избегнувајќи да прозбори за судбината на писателите за време на Сталиновиот режим. На пример, во 1935 година, кога бил „напатена душа“ и кога бесониците кои траеле повеќе од една година го довеле „до работ на душевна болест“, за време на антифашистичкиот конгрес одржан во Париз, тој се сретнал со Цветаева и со нејзиното смејство.Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 15. Исто така, последните години на Мајаковски ги означува како време „кога целата поезија престана да постои, како неговата така и на другите, кога се обеси другарот Есенин“ и како време „кога запре литературата“ за најпосле да заклучи со зборовите: „За таа епоха постојат две фамозни фрази: дека животот стана подобар, порадосен; и дека Мајаковски беше и остана најдобриот и најнадарениот поет на таа епоха. Јас со посебно писмо му се заблагодарив на авторот на втората фраза. Таа ме ослободи од претерувањата за моето лично значење, претерувањето на кое бев изложен триесеттите години околу Конгресот на писателите. Јас го сакам својот живот и задоволен сум со него. Нема потреба дополнително да му се додава позлата. Животот без тајни и без прецртувања, животот сјајно одразен во огледалото на некоја изложбена витрина за мене е неприфатлив.“Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 14.