Козјак — археолошко наоѓалиште во преспанското село Козјак. Претставува осамен наод од римско време. Наодот претставува вотивна мермерна плоча која се чува кај човек во Ресен, а била донесена од селото Козјак, од непознато наоѓалиште. На плочата е претставен Аполон кој во десната рака држи тирс, а во левата надолу спружена рака држи нејасен предмет - сад? Под раката му седи четириножно животно - пантер? Димензиите на плочата изнесуваат 36 × 31 × 5 см.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Горна Маала — населба и некропола од римско време и среден век; Гробишта — некропола од средниот век; Козјак; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Козјак (Ресенско)