Луис Муриел (роден во Санто Томас на 16 април 1991) — колумбиски фудбалер, напаѓач на и на колумбиската репрезентација.
Технички одлики Напаѓач кој одилично игра со двете нозе, со значителна техника и брзина. Има одличен дриблинг, квалитети на спринтер и вродено око за гол, поради што го споредуваат со Роналдо su uk.eurosport.yahoo.com.. Во текот на сезоната 2012-2013, под водство на тренерот Франческо Гвидолин, се покажал како способен да игра добро и како втор напаѓач или играч од средниот ред со офанзивни функции..
Кариера Почетоци и Депортиво Кали Муриел ја започнал својата кариера во младинскиот сектор на Атлетико Хуниор во 2001 година. Во јануари 2008 година преминал во екипата на Депортиво Кали, каде што тој го направил своето професионално деби во првата колумбиска лига на 12 јули 2009 во победата од 1-0 над Енвигадо.
Во текот на следната сезона во Торнео Апертура 2010, Муриел добивал многу поголема минутажа, а на 7 март 2010 го постигнал својот прв хет-трик во кариерата. За време на Торнео Апертура, неговите настапи биле следени од скаути на италијанскиот Удинезе, кој во летото пројавува сериозен интерес за него и на крајот успева да го доведе во својте редови. Муриел одиграл вкупно 11 натпревари за Депортиво Кали и постигнал 8 голови.
Доаѓање во Удинезе Муриел се преселил во Удинезе на 22 јуни 2010 со само 19 години. Сепак, веднаш по доаѓањето тој како и некој други млади играчи бил испратен на заем во друг клуб со цел да се докаже и да го заработи своето место во клубот. Така на 12 јули, тој и се приклучил на Гранада на едногодишна позајмица.
Позајмиците во Гранада и Лече Муриел одиграл една сезона за Гранада во шпанската Сегунда дивисион, настапил на вкупно 9 натпревари 7 во првенството и 2 во купот, но неуспеал да постигне ниту еден гол.
Во текот на летото 2011, се вратил во Удинезе, но потоа бил позајмен на Лече. Тој дебитирал во Серија А на 26 октомври 2011 во поразот од Палермо со 2-0. Тој го постигнал својот прв гол во италијанскиот фудбал на 4 декември во натпревар во кој неговиот тим загубил со 4-2 на домашен терен од Наполи. На 30 јануари 2012, Удинезе ја враќа целосната сопственост над играчот (откако претходно му продале 50% од договорот на Лече), оставајќи го во Лече на заем до крајот на сезоната. На 7 април 2012 тој постигнал два гола за Лече во Серија А во победата со 4-2 против Рома. И покрај неговите 7 гола во 29 првенствени натпревари, Лече испаднал во последното коло и Муриел се збогувал со навивачите и клубот од Саленто.
Враќање во Удинезе Летото 2012 година, Муриел се вратил во Удинезе. На 12 септември 2012, потпишал нов 5-годишен договор со Удинезе. Тој го направил своето деби во пораз со 2-1 од Фјорентина, асистирајќи за првиот гол во натпреварот.Фјорентина vs Удинезе Football Italia (25 август 2012). Тој успеал да го постигне својот прв гол за Удинезе на 22 декември во средбата нагости против Аталанта што завршила 1-1. Во текот на сезоната тој успешно соработувал во нападот со Антонио Ди Натале, перформанси кој му донеле да биде избран за Серија А млад играч на годината, заедно со Стефан Ел Шарави. Муриел ја завршил својата прва сезона во дресот на Удинезе со 11 постигнати голови и 3 асистенции, во 22 одиграни натпревари од кој само во 15 бил стратер.
Пред почетокот на сезоната 2013-14, го сменил дресот со број 24. и го зел бројот 9. Тој постигнал два гола во победата со 3-1 над Широки Бријег во квалификациите за Лига Европа. Во првото коло од новата сезона во Серија А, Муриел започнал успешно постигнувајќи гол на гостувањето против Лацио, но неговите црно-бели биле поразени во Рим со 2-1. Следниот викенд тој реализирал доцен пенал за да ја завери победата над Парма, со резултат од 3-1 во Удине. На 30 октомври, го постигнал победничкиот гол за победа над Сасуоло со 2-1 во гости. По добриот почеток, Муриел претрпел повреда кон крајот на ноември поради која бил надвор од акција до крајот на 2013 година. Тој успешно се вратил по повредата и веќе во својот втор натпревар на 22 јануари 2014 постигнал гол, помагајќи му на својот тим да го елиминира Милан од Купот на Италија, со победа на Сан Сиро од 2-1. Својата втора сезона ја завршил со 31 настап и 8 постигнати гола.
Сампдорија На 22 јануари 2015 година, откако Муриел одиграл уште 11 натпревари во дресот на Удинезе во првиот дел од сезоната 2014-2015, тој бил продаден на Сампдорија со формула за заем до крајот на сезоната плус обврска за откуп по истекот на позајмицата.Finalmente blucerchiati: Muriel e Coda, benvenuti al Doria ; трансферот изнесувал 10,5 милиони евра за обврската за откуп (плус 1,5 милиони евра во бонуси ако играчот достигне најмалку 30 настапи во дресот на Самп до 30 јуни 2016 година). Играчот потпишал договор до јуни 2019 година, и го избрал да го носи дресот со број 24. На 15 февруари го направил своето деби за популарните Блучерати, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Хоакин Кореја за време на натпреварот против Кјево, во кој во 91-вата минута го постигнал својот прв погодок за Сампдорија во поразот со 2-1. На 1 март тој постигнал прекрасен гол со левата нога против , во натпревар во кој Самп победил со 1-2 по целосен пресврт; третиот гол со Дорија го постигнал на 16 март, само 3 минути по влегувањето во игра, во победата со 2-0 над . Својот последен гол за сезоната го постигнал во поразот со 4-2 од Наполи, затворајќи го натпреварот со убав погодок од волеј надвор од шеснаесетникот.
На почетокот на следната сезона тој играл во двата натпревари од квалификациското коло на Лигата на Европа против српската Војводина; во првиот натпревар неговиот тим загубил дома со 4-0; во реваншот тој постигнал гол со кој го поставил конечниот резултат 2-0 во корист на неговиот тим, што, сепак, не бил доволен да се мине понатаму. Тој играл во 4-3-1-2 формацијата на тренерот Ѕенга во првиот натпревар за сезоната во Серија А против Карпи, постигнувајќи два гола што го направило моментално најдобар стрелец во лигата: тој најпрво заработил пенал кој бил успешно реализиран од соиграчот Едер за водство од 1-0, а подоцна постигнал уште два гола; натпреварот завршил 5-2 за Сампдорија. На 4 октомври 2015, тој постигнал погодок со кој го отворил резултатот против водачот на табелата Интер, но на крајот натпреварот завршил 1-1. Во месец ноември дошло до промена на тренерската клупа на Сампдорија, Ѕенга бил отпуштен и заменет со Винченцо Монтела; со доаѓањето на Монтела, Муриел го загубил местото во почетниот состав и во вториот дел од сезоната играл главно влегувајќи од клупата за резерви во второто полувреме. Сезоната ја завршил со вкупно 35 настапи и 7 гола (од кој 6 биле во Серија А).
Во летото 2016 година, по две сезони во кој го носел дресот со број 24, тој одлучил го промени и да го земе дресот со број 9 кој го носел и во Удинезе. На 21 август, во првиот натпревар од сезоната во Серија А, Муриел го постигнал победничкиот гол против Емполи (0-1). На 11 септември, и покрај поразот на Сампдорија со 3-2 од Рома на Олимпико, Муриел постигнал прекрасен гол од волеј по долгото додавање од Васко Реџини од половината на теренот. На 22 октомври, во Дербито дела Лантерна против , го постигнал првиот гол за моментален резултат 1-0 (натпреварот завршил 2-1 за Самп) на асистенција на Фабио Кваљарела, постигнувајќи гол за првпат во кариерата во некое градско дерби. Тој потоа постигнал гол и на гостувањето кај на асистенција на Реџини во ремито 1-1 на 6 ноември, а на 20-ти истиот месец тој постигнал два гола во домашната победа со 3-2 против остварена по целосен пресврт. На 5 февруари 2017, неговиот гол од пенал го решил победникот во натпреварот против на Сан Сиро (1-0 за Самп), a на 11 март 2017 година тој исто така го одлучил и повратниот натпревар од Дербито дела Лантерна против Џенова, повторно со еден гол доволен Сампдорија да победи со 1-0 (што било првпат од 1960 година Сампдорија да победи во двата дерби натпревари против Џенова во Серија А). Својот последен гол во неговата авантура со блучеркатите го постигнал на 21 мај против неговиот поранешен тим Удинезе од пенал; во исто време тој бил исклучен веднаш по постигнувањето на голот поради прослава што главниот судија ја сметал за непочитување кон навивачите на Дачија Арена.
Во својата последна сезона во Сампдорија, под водството на тренерот Марко Џампаоло Муриел пронашол многу повеќе простор за игра во споредба со претходната сезона и оформил одлично партнерство во нападот со ветеранот Фабио Кваљарела; сезоната ја завршил со 33 настапи и 13 гола (од кој 11 во Серија А, со што го изедначил својот личен рекорд по бројот на голови од сезоната 2012-2013 кога играл за Удинезе).
Севиља На 11 јули 2017, шпанската го купила Муриел од Сампдорија за 20 милиони евра плус бонуси, со што тој станал најскапото засилување во историјата на клубот. Своето деби Муриел го направил на 19 август, започнувајќи како стартер во ремито 1–1 против Еспањол, додека својот прв гол за Севиља го постигнал на 17 септември, во победата со 1–0 над Џирона. На 13 септември дебитирал во Лигата на шампионите влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Висам Бен Једер во ремито 2-2 против Ливерпул на Енфилд; само три минути по влегувањето во игра тој му асистирал на Хоакин Кореја за последниот гол во натпреварот со кој бил поставен конечниот резултат. На 24 октомври 2017, тој постигнал гол во победата со 3-0 на гостувањето кај Картагена во првиот натпревар од шеснаесеттинафиналето на Копа дел Реј. По разочарувачката дебитантска сезона во која постигнал само 9 голови во 46 настапи, Муриел се нашол зад Висам Бен Једер и новите засилувања Андре Силва и Квинси Промес во изборот на тренерот Пабло Макин.
Како последен избор во нападот Муриел одиграл 19 натпревари во првиот дел од сезоната, од кој само 6 во првенството (постигнал 1 гол), по што најавил дека ќе ја напуши Севиља и дека ќе се врати во Италија во зимскиот преоден рок.
Фјорентина На 2 јануари 2019, Муриел се вратил во Серија А приклучувајќи и се на екипата на на заем до крајот на сезоната. Фјорентина платила 2 милиона евра да го позајми играчот, со можност целосно да го откупи на лето за сума помеѓу 13-15 милиони евра, а доколку виолетовите на крајот од сезоната изборат пласман во УЕФА Лига Европа тогаш откупот на играчот ќе стане задолжителен.
Репрезентативна кариера
Младински репрезентации Муриел настапувал за колумбиската репрезентација под 20 години и бил вклучен во составот за Светското првенство за играчи под 20 години на кое Колумбија била домаќин. На 5 август 2011, откако претходно постигнал два гола против Франција, тој го постигнал единствениот гол со кој Колумбија ја победила Јужна Кореја 1–0 со која ја минале групната фаза со максимални 9 бодови. Муриел го завршил турнирот со 4 гола, а Колумбија била елиминирана од Мексико во четвртфинале.
Сениорска репрезентација Муриел за првпат бил повикан во сениорската репрезентација во 2012 година од новиот селектор Хосе Пекерман, а своето деби го имал во поразот со 1–0 од Еквадор на 10 јуни во квалификациите за Светското првенство 2014. Својот прв гол го постигнал следната година, во пријателски натпревар против Гватемала на 6 февруари 2013. Во 2014 година, тој бил еден од седумтте играчи од поширокиот список кој отпаднале од конечниот 23 член состав на Колумбија за Светското првенство 2014 во Бразил.
Тој се нашол во составот на Колумбија за Копа Америка 2015, каде имал само еден настап влегувајќи од клупата за резерви во четвртфиналниот пораз од Аргентина на пенали (токму тој промашил еден од пеналите), но не бил повикан за Копа Америка Сентенарио следната година.
Во мај 2018 тој се нашол на преелиминарниот список од 35 играчи за Светското првенство 2018 во Русија. Муриел бил вклучен и во конечниот список, играјќи два натпревари од клупата за резерви за Колумбија, а неговата репрезентација била елиминирана од Англија во осминафиналето на пенали и покрај тоа што тој бил еден од прецизните изведувачи.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 13 декември 2018.