Старо Село — археолошко наоѓалиште во преспанското село Коњско. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа јужно од селото, во непосредната близина на брегот на Преспанското Езеро, каде се откриени гробови градени од камени плочи. Според кажувањето на мештаните, при понизок водостој се појавувале и темели од објект, најверојатно од црква.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Голем Град — населба, црква и некропола од неолитско, хеленистичко, рисмко време и среден век; Коњско — депо на монети од средниот век; Бљудо — населба, црква и некропола од средниот век; Коњско; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Коњско (Ресенско) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола