Чешино — археолошко наоѓалиште во преспанското село Кривени. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа источно од селото, каде во подножјето на високиот Гричи Рид, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти ѕидани од кршен камен и кал, камења за рачно мелење, а по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Старо Кривени — осамен наод од римско време; Кривени; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Кривени