Тумба — археолошко наоѓалиште во преспанското село Лавци. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на тромеѓата на селото со оседните Прељубје и Дрмени, каде на мала височинка со зарамнето плато, во нива на месен жител при обработувањето на земјата биле откриени темели од објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и друго.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Андонови Градини — населба од римско време; Трансформатор — населба од средниот век; Стара Црква — црква и некропола од средниот век; Лавци; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Лавци (Ресенско)