Прељупски Рид — археолошко наоѓалиште во преспанското село Прељубје. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1 км југоисточно од селото, во лозје на жител од селото Долно Перово, каде бил откриен питос. Во околните ниви се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Прељубје; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Прељубје