Куќишта — археолошко наоѓалиште во преспанското село Штрбово. Претставува населба од среден век. Се наоѓа во подножјето на Баба Планина, на околу 2 км источно од селото на зарамнета површина на која се присутни грамади од кршен камен, покривни ќерамиди и друг градежен материјал. Според исказите на мештаните, до пред Втората светска војна биле видливи темели од неколку објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Грамада — населба од доцноантичко време; Крес — црква и некропола од средниот век; Гура — населба од доцноантичко време; Нивје — црква и некропола од средниот век; Штрбово; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Штрбово