Арбасиновец — археолошко наоѓалиште во битолското село Балдовенци. Претставува населба од железно време. Се наоѓа на 1 км источно од селото, на мала височинка што се спушта кон обработливите површини на ЗИК „Пелагонија“. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови карактеристични за железното време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Балдовенци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Балдовенци