Кале — археолошко наоѓалиште во битолското село Градешница. Претставува и населба од населба од хеленистичко, римско и доцноантичко време. Се наоѓа на околу 300 м југозападно од селото, на височинка со стрмни падини на која има зарамнета тераса опкружена со одбранбени ѕидови, покриени со насип од земја. Внатре се гледаат остатоци од ѕидови на објекти, а по површината има фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и множество градежен материјал. Најден е голем број монети од времето на Филип V, Персеј, Октавијан, Тибериј, Антонин Пиј, Константин I, Констанциј II, Јустин I и Јустинијан I. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Маркоица — некроола од римско време; Вакафско Место — некрополола од хеленистичко време; Градешница; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Градешница