Горна Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Добромири. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 1 км северно од селото и на околу 300 метри западно од патот за селото Горно Агларци. Претставува блага височинка со димензии од 80 × 150 м на која се сместени современите селски гробишта. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Арапски Гробишта — населба од неолитско време; Голема Тумба — населба од неолитско време; Добромири; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Добромири