Валтер Хаузер Братејн ( , Амој, Кина - , Сиетл, Вашингтон, САД) — американски научник.
Неговите родители, кои биле Американци, го донеле во САД набрзо откако се родил. Откако се здобил со титулата доктор на филозофски науки од Универзитетот во Минесота, станал истражувач во лабораториите Бел во 1929 година. Со Џон Бардин и Вилијам Б. Шокли ја делел Нобеловата награда за физика во 1956 година за развојот на транзисторот и за истражувањето на својствата на полуспроводниците.
Поврзано Џон Бардин Вилијам Шокли
Категорија:Американски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Американски пронаоѓачи Категорија:Апсолвенти на Минесотскиот универзитет Категорија:Квантни физичари Категорија:Американски нобеловци