Роберт Браунинг (, Лондон, Англија - , Венеција, Италија) — англиски поетRobert Browning, British poet.
Дела Неговите дела вклучуваат драми како: „Пипа Паси“ (1841) и долги поеми, вклучувајќи го и „Сордело“ (1840)Robert Browning Biography. Додека бил женет (1846-61) со Елизабет Барет БраунингPoetry Foundation, во Италија, го напишал делото „Мажи и жени“ (1855), кое содржи драматична лирика како „Љубов меѓу руини“ и монолози како што се „Фра Липо Липи“ и „Извинувањето на епископот“, „Драматична личност“ (1864), како и „Рабинот бен Езра“ и „Калибаци над Сетебоси“, на крај му донеле голема популарност. Неговата книга „Прстенот и книгата“ (1896-69)The Ring and the Book е заснована на судски процес за убиство во Рим.
Влијание и стил на пишување Браунинг влијаел на многу модерни поети преку својот драматичен монологDramatic monologue (со посебно внимание на поединечната психологија) и преку своето успешно пишување за различни теми од модерниот живот со јазик, кој за современците често бил тежок за разбирање.
Една песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес носи наслов „Браунинг одлучува да стане поет“.Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. 103-104.
Наводи
Надворешни врски Victorian Web Поеми Прстенот и книгата
Категорија:Англиски поети Категорија:Апсолвенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон Категорија:Погребани во Вестминстерската опатија