мини|Регионите во Италија со нивните официјални имиња Регионите во Италија (итал. Regioni) се управни единици со извесна автономија по Уставот од 1948, кој вели дека тој има за цел: да ја признае, заштити и унапредува локалната автономија, да се погрижи владините служби да бидат што помалку централизирани и да ги прилагодат принципите и законите воспоставувајќи автономија и децентрализација.

Меѓутоа, пет региони (Фурланија-Јулиска Краина, Сардинија, Сицилија, Трентино-Јужен Тирол и Аостинска Долина) имаат специјален статус на автономија со свое регионално законодавство за извесни локални работи; основано на културата, географската местоположба и на присуството на важни малцинства. Другите 15 обични региони биле делотворно воспоставени во раните 1970-ти години.

Секој регион има свој избран совет Giunta Regionale (извршен совет) на чело со директно избран претседател. Овој совет одговара пред генералниот совет и мора да си даде оставка (да се распушти) доколку изгуби на доверба кај генералниот совет.

Регионите главно служат за децентрализација на државната машинерија. Уставната реформа во 2001 значително ја зголемила способноста на регионите, особено во врска со законодавната власт и најголемиот дел од државните контроли биле укинати.

Во 2005 централно-десничарската влада на чело со Силвио Берлускони предложила крупна реформа во уставот во која се содржи големо зголемување на самоуправата во здравството и школството. Во јуни 2006, предлозите, кои се тесноповрзани со владините партнери на Берлускони, Северна лига (Lega Nord), и гледани како пат кон фенерална држава, биле отфрлени на референдум во сооднос од 61,7% на 38,3%.

Провинцијалните и општински влади работат по слични принципи: советите и изршните совети (giunte) провинциски претседатели или општински градоначалници.

Федерализмот во регионалната автономија е голема политичка тема во последно време, несомнено потпомогната од поновите партии како Северна лига.

Список на региони Италија е поделена на 20 региони, од кои пет се автономни. Покраините во нив се наведени според указот „Сочувајте ја Италија“ (Salva Italia) донесен од владата на Марио Монти, според кој преорганизацијата ќе стапи на сила во 2014 г.http://www.governo.it/Governo/ConsiglioMinistri/dettaglio.asp?d=69636 Министерски совет] .

Грб Име Изворно Админ. центар Површина НаселениеISTAT Густинажит./км² Покраини Општини Метроп. град Статус Претседател25пАбруцоAbruzzoЛ’Аквила10.7631.344.9551252305 -обиченЏовани Кјоди25пАпулијаPugliaБари19.3584.086.0202114258БариобиченНики Вендола25пАостинска ДолинаValle d'AostaАоста3.263128.82039074 -автономенАвгусто Роландин25пБазиликатаBasilicataПотенца9.995585.386581131-обиченВито Де Филипо25пВенетоVenetoВенеција18,3994.960.6612705581ВенецијаобиченЛука ЅајаЕмилија-РомањаEmilia RomagnaБолоња22.4464.465.8631995348БолоњаобиченВаско Ерани25пКалабријаCalabriaКатанѕаро15.0812.007.9081333409 Реџо КалабријаобиченЏузепе Скопелити25пКампанијаCampaniaНеапол13.5905.833.8914294551НеаполобиченСтефано Калдоро25пЛациоLazioРим17.2365.789.9933363378РимобиченРената Полверини25пЛигуријаLiguriaЏенова5.4221.613.3692973235ЏеноваобиченКлаудио Бурландо25пЛомбардијаLombardiaМилано23.86110.010.86541971544МиланообиченРоберто ФормињониМаркеMarcheАнкона9.3661.568.8351673239 -обиченЏан Марко Спака25пМолизеMoliseКампобасо4.438318.488721136-обиченМикеле Јорио25пПиемонтPiemonteТорино25.4024.467.91417651206ТоринообиченРоберто Кота25пСардинијаSardegnaКаљари24.0901.673.981698377 - автономен Уго Капелачи25пСицилијаSiciliaПалермо25.7115.043.4801969390- автономен Розарио Крочета25пТосканаToscanaФиренца22.9943.763.9391644287ФиренцаобиченЕнрико Роси25пТрентино-Јужен ТиролTrentino-Alto Adige/SüdtirolТренто13.607 1.047.538772333- автономен Лоренцо Делаи25пУмбријаUmbriaПеруџа8.456909.965108192 -обиченКатјуша МариниФурланија-Јулиска КраинаFriuli Venezia GiuliaТрст7.8581.235.3531574218- автономен Ренцо Тодо

Поврзано Претседатели на италијанските региони Знамиња на италијанските региони Провинции во Италија Список на градови во Италија

Надворешни врски За градоначалниците Регионални влади во Италија Регионални влади во Италија на Governo.it

Наводи

Категорија:Административна поделба на Италија Категорија:Списоци за Италија Категорија:Првостепени административни единици на земјите