Мавер — археолошко наоѓалиште во битолското село Паралово. Претставува некропола од доцноантичко време. Откриен е случајно во времето на изградбата на новиот пат, на 1,2 км западно од селото, каде била откриена и делумно оштетена некропола. Во 1986 и 1988 година биле извршени заштитни ископувања со кои се откриени 62 гроба градени од големи камени плочи. Погребувањето е скелетно, а од гробните прилози најмногубројни се керамичките садови, прстените и монетите. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Паралово; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Паралово