Ѓорев Рид — археолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од неолитско доцноантичко време. Се наоѓа на 2,5 км јужно од селото, во непосредната близина на РЕК „Битола“, каде во 1983 година Заводот и музеј од Битола вршел заштитно ископување со кое се утврдени остатоци од еднослојна неолитска населба од велушко-породинската културна група, со многубројни фрагменти од керамички садови и други предмети од материјалната и духовната култура. Исто така се пронајдени делови од темели на објект граден од камен и кал и со поплочен под, во кој се најдени фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Манастирец — базилика од старохристијанско време; Дибек — гробница од хеленистичко време; Ума — населба од доцноантичко време; Ѓорчева Воденица — населба од римско време; Бројанец — базилика од старохристијанско време; Тумба — населба од бронзено време; Бртви — населба од доцноантичко време; Туриграв — населба од доцноантичко време; Шуплевец — населба од бакарно време; Суводол; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Суводол (Битолско)