Анапурна (санскрит, Непалски: अन्नपूर्णा) — низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, претставува еден од четиринаесетте планински врвови повисоки од 8000 метри, и со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот. Сместена е источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири.
अन्नपूर्णा Annapūrṇā е санскритски поим со значење „исполнета со храна“, но почесто се преведува како „Божицата на жетвата“. Во Хиндуизмот, Анапурна е божица на плодноста и земјоделството.
Македонско искачување Прв Македонец којшто се искачил на Анапурна е Сашко Кедев, на 15 април 2023 година.
Поврзано Тиличо Монт Еверест Даулагири
Наводи
Категорија:Планини во Непал Категорија:Осумилјадници