Градиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Беранци. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 2 км западно под селото на мал рид со зарамнето плато, опкружен со одбранбени ѕидови кои зафаќаат простор од 90 × 40 м. По површната се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, градежен материјал, а најдени се монети од Јустин I, Јустинијан I и постари, кои се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Висои — тумул од железно време; Шукаловец — населба од римско време; Женски Дол — некропола од доцноантичко време; Ристов Кладенец — некропола од доцноантичко време; Воден Дол — некропола од римско време; Грабечка Река — населба од хеленистичко и римско време; Црквиште — некропола од раноантичко и хеленистичко време; Плочи — населба и некропола од римско време; Беранци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Беранци