Горно Маало — археолошко наоѓалиште во битолското село Будаково. Претставува населба од римско време и среден век. Се наоѓа на 1 км североисточно од селото, каде според искази на месните жители тука се наоѓало старото село. На ова место по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, а со орање биле откриени темели од ѕидови ѕидани од камен и кал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бурнуица — населба од римско време; Арапски Гробишта — некропола од римско време и среден век; Слатин Вир — викус од римско време; Будаково; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Будаково