мини|десно|Рзгледница од 1905 г. со четворомеѓата на Фалсерберг Фалсерберг () — рид на југоисточниот крај на Холандија кој претставува највисокото место во земјата. Висок е 322,7 мВисината е изразена според амстердамската мерна нормала (NAPV). Според белгиската нормала (TAW), ридот е повисок за 2,3 м. и се наоѓа во гратчето Валс (по кој го добил името) во покраината Лимбург. Најблизок град е Ахен (Германија), на далечина од околу три километри.

Ридот е највисок во европска Холандија, но не и во државата. Највисоко место во целото Кралство Холандија е Маунт Синери (887 м) на карипскиот остров Саба во состав на Холандските Антили.

Тромеѓа Во врвот на Валсеберг се среќаваат границите на Германија, Белгија и Холандија и затоа се нарекува „тромеѓа“ (хол. ; гер. ; фр. ).

Во периодот од 1830 до 1919 г. врвот бил четворомеѓа, граничејќи се и со неутралниот кодоминиум Морсенет.

Поради тромеѓата, Фалсерберг е познато туристичко место во Холандија. На белгиската страна е изградена кула наречена „Бодуенова кула“ (хол. ; фр. ) која служи како видиковец. На германска страна се протега природен резерват. Од германска страна се издига „Вилхелминина кула“ ().

Велосипедистичка трка По Фалсерберг често се одвива друмската велосипедистичка трка „Амстел Голд Рејс“ (анг. ), каде тој претставува средина на патеката.

Поврзано Валс Географија на Холандија

Наводи

Надворешни врски

Портал на тромеѓата на Фалсерберг

Галерија

Категорија:Планини во Холандија Категорија:Планини во Белгија Категорија:Планини во Германија Категорија:Ахен Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Тромеѓи Категорија:Германско-холандски гранични премини Категорија:Белгиско-германски гранични премини