Сред Село или Тумба I — археолошко наоѓалиште во битолското село Могила. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа во централниот дел на селото, на местото на кое се наоѓаат задружниот дом, амбулантата и старото училиште. Со изградбата на овие објекти тумбата е зарамнета и речиси целосно уништена. Во 1975 година, непосредно пред поставувањето на темелите за амбулантата е извршено сондажно копање при што е пронајдено дека во длабочина до 1,50 м културниот слој е нарушен со вкопување на гробови од средновековна некропола, како и со копањето на јами во кои се најдени керамички садoви од времето на Словените. Дебелината на културниот слој, од сегашната површина до здравицата, изнесува 6 м и во него се издвојуваат два културни стратума со множество керамички садови, култни предмети и орудија од кремен, камен и коска, кои временски му припаѓаат на постариот неолит во Пелагонија, односно на велушко-породинската културна група.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Рековчанска Тумба — населба од неолитско време; Тумба Трнска — населба од неолитско време; Роњевска Тумба — населба од неолитско време; Тумба во Ливаѓето — населба од неолитско време; Селска Црква — населба од неолитско време; Школска Тумба — населба од неолитско време; Шемоска Тумба — населба од неолитско и бронзено време; Могила; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Могила