Горни Ливади — археолошко наоѓалиште во битолското село Ношпал. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м северозападно од селото, на блага височинка — тумба која е оштетена од интензивното обработување на земјата, каде по површината се гледаат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, цевки за водовод, како и друг градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бела Црква — базилика и некропола од старохристијанско време; Тумба — населба од неолитско и римско време; Св. Никола — осамен наод од римско време; Гајтаница — населба од неолитско доцноантичко време; Ношпал; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Ношпал