Герен () — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Географија
мини|лево|Герен (2011)
Општината Герен ја поседува најисточната точка на островот Риген: ’ртот Нордперд. Ја одвојува Северната плажа (Nordstrand) од Јужната плажа (Südstrand). Помеѓу крајбрежната патека во Герен и Нордперд се наоѓа Бускам, најголемата ледничка ератичка карпа во Северна Германија, која се издига еден метар над морето.
Наводи
Категорија:Западна Померанија-Риген Категорија:Приморски одморалишта во Германија Категорија:Населени места на Риген