Јени амам — турска бања која се наоѓа на десната страна на реката Драгор во Битола. За бањата како и за другите објекти од профаната исламска архитектура, изградени со доаѓањето на Турците,Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980 не постојат податоци од историски извори или какви било други пишани документи, или натписи на самиот објект.
Местоположба Јени амамот се наоѓа на десната страна на реката Драгор во непосредна близина на Дрвен пазар и Коџа-кадината џамија.
Изградба Се претпоставува дека Јени амамот бил изграден во 17 век или во почетокот на XVIII век, тогаш кога Битола била во економски расцут. Како последица на Австриско-турските војни од крајот на 17 век, кога економската моќ на Битола и на другите градови започнала да се намалува, најверојатно кон крајот на XVIII век дошло до напуштање на некои објекти од јавната управа. Не е исклучено дека таква судбина го снашла и Јени амам.
Денес дел од зградата е наполно урнат, како и внатрешните уреди за загревање.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Битола
Наводи
Надворешни врски http://www.babambitola.mk
Категорија:Отомански амами во Македонија Категорија:Згради и градби во Битола Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Битола Категорија:Урнатини во Македонија